Се препорачува за:
- превенција и надминување настинки;
- стимулација на регенеративни процеси во ткивата на горниот респираторен тракт;
- спречување алергиски ринитис;
- активирање на локалниот имунитет;
- ублажување на симтоми на конгестија и сувост на носните шуплини и синусите;
- регенерација и антибактериско и антивирусно дејство;
- забрзување на регенерацијата на назофарингеалната мукоза.
Содржи:
Во балсамот за чистење: вода, пантенол, минерални соли од Мртвото море, натриум хијалуронат, миристамидопропалкониум хлорид.
Во балсамот за регенерирање: масло од бадем, масло од семка од праска, есенцијално масло од пепрминт, есенцијално масло од еукалиптус, екстракт од лист од катедрални ѕвона (Kalanchoe pinnata), тимол, BHT, есенцијално масло од мандарина, есенцијално масло од чајно дрво, пептидни комплекси АА-3 и АА-7, лимонен.
Начин на употреба: Прснете два до три пати од балсамот и намачкајте го со лесни масажни движења. За подобар ефект се препорачува да се користи прво балзамот за чистење, а потоа за регенерирање.
Опис на состојките:
- Пептид од Б-компоненти на имунолошкиот систем (пептиден комплекс АА-3)
Влијае врз реакциите на клеточниот, хуморалниот имунитет и неспецифичната отпорност на организмот. Ги стимулира процесите на регенерација, го подобрува текот на процесите на клеточниот метаболизам.
- Пептид од ѕид на крвни садови (пептиден комплекс АА-7)
Ги регулира метаболичките процеси во ѕидот на крвните садови. Ја подобрува еластичноста на артериите, вените и лимфните садови. Го намалува ризикот од оштетувања на ѕидовите на крвните садови, излевање на крвта и томбогенеза. Го подобрува снабдувањето со крв на органите и ткивата.,
- Пантенол
Пантенолот е многу ефикасен за зараснување на раните и ублажување на воспаление, ја потпомага клеточната регенерација и рехабилитација на оштетените ткива во организмот. Ги отстранува оштетувањата во структурата на белковините и го стимулира метаболизмот на материите како еден од најважните фактори во процесите на регенерација на ткивото.
- Хијалуронска киселина
Се наоѓа во клетките и меѓуклеточниот простор и учествува во голем број биолошки процеси: клеточна делба, адаптација на клетките на физички и хемиски влијанија од околината, воспаленија, регенерација, миграција и пролиферација на клетките, јонска размена, транспорт и размена на материи. Најважна функција на хијалуронската киселина е во меѓуклеточниот матрикс, каде што е и најзастапена. Хијалуронската киселина е високохидратантна и високоеластична, не предизвикува имуногена реакција, ниту пак има токсично дејство, благодарение на што е широко застапена и во медицината и во козметологијата. Хијалуронската киселина се користи за хидратизација на кожата и рожницата, за лечење на остеоартритис, за стимулација на зараснување на раните, но и како помоѓна состојка за внес на лекови и гени во целните клетки. Навлажнува и одржува водена рамнотежа на епителот на носната слузница, враќајќи ја нејзината еластичност, спречувајќи разредување, сушење, појава на микропукнатини. Придонесува за обновување на капиларните ѕидови, подобрување на снабдувањето со крв во мукозната мембрана и продолжување на бариерната функција на меѓуклеточниот простор на носната шуплина.
- Сол од Мртвото море
Во концентрација од 0,9%, ефикасно ја навлажнува носната слузница, ги разредува мукозните секрети и го нормализира нивниот состав, враќајќи ги процесите на чистење на мукозата (мукоцилијарен клиренс). Уникатната концентрација на минерали од солта на Мртвото море не е типична за составот на солите од другите мориња. Соединенијата на магнезиум ги зајакнуваат клетките, ги елиминираат алергиските манифестации. Натриумовите соли ја стабилизираат количината на течност во ткивата, обезбедуваат енергетски потенцијал на клетките. Соединенијата на калциум ги стабилизираат метаболичките процеси, имаат својства корисни за заздравување на рани и штитат од пенетрација на инфективни агенси низ мукозната мембрана. Калиумовите соли ја олеснуваат исхраната на епителните клетки. Јодот во составот на солта на Мртвото море го намалува отокот на слузницата и има антибактериско дејство. Минералите на морската сол ги стимулираат метаболичките процеси во ткивото на носната слузница, имаат антиинфламаторно и ресторативно дејство, што придонесува за значително намалување на симптомите на назална конгестија.
- Миристамидопропалкониум хлорид
Ѝ припаѓа на групата катјонски антисептици. Ги активира процесите на регенерација. Стимулира заштитни реакции на местото на употреба поради активирање на апсорпционите и дигестивните функции на фагоцитите, ја потенцира активноста на моноцитно-макрофажниот систем.
- Масло од бадем
Содржи витамин Е, кој е природен антиоксиданс и кој го забавува стареењето на клетките и ги елиминира воспалителните процеси на кожата, како и витамин Ф, кој го спречува проширувањето на порите, а воедно ги регенерира клетките на кожата.
- Масло од семка од праска
Ја стимулира имунолошката активност, ја елиминира опортунистичката флора од внатрешната мембрана на параназалните синуси, ја навлажнува мукозната мембрана, го спречува формирањето кора, има омекнувачки ефект врз нив, го забрзува процесот на епителизација на носната шуплина, го нормализира протокот на крв во органите ОРЛ, го контролира полнењето на крвните садови, го намалува интензитетот на манифестацијата на воспаление и отекување на меките ткива, ги подобрува физиолошките својства на капиларите, ги зајакнува ѕидовите на крвните садови.
- Екстракт од катедрални ѕвона (Kalanchoe pinnata)
Има антисептички, анти-едемски, регенерирачки ефект. Предизвикува проток на крв во мукозната мембрана, а со тоа ги забрзува биохемиските реакции во ткивата и доаѓа до брзо заздравување на мукозната мембрана. Исто така, помага да се намали воспалението на ткивото и да се зголеми локалниот имунитет.
- Есенцијално масло од еукалиптус
Има антивирусно и антибактериско дејство, го намалува воспалението, промовира брзо поправка на ткивото.
- Есенцијално масло од пеперминт
Има антисептично и антиинфламаторно дејство и антиспазмодично, аналгетско дејство.
- Есенцијално масло од мандарина
Има фунгицидни и бактерицидни својства. Промовира регенерација на ткивата.
- Тимол
Тимолот е компонента која се наоѓа во есенцијалното масло од мајчина душица и маслото од мајчина душица. Има антиинфламаторно и антисептично дејство. Има антимикробно дејство врз патогената флора и некои видови габи.
- Есенцијално масло од чајно дрво
Неговите активни состојки се способни да се борат дури и со оние микроорганизми, против кои многу антибиотици се немоќни.