Се препорачува за:
- стимулација на регенеративните процеси на очното ткиво при повреди и болести на мрежницата и рожницата;
- подобрување на метаболизмот на окото;
- закрепнување и регенерација на клеточното ткиво на окото;
- тромбоза на вените на мрежницата;
- атеросклеротична ангиопатија;
- дијабетична ангиопатија;
- светлосна чувствителност на мрежницата;
- зголемување на отпорност на хипоксија и исхемија;
- превенција на очни болести;
- одржување на функционална состојба на органите за вид.
Содржи: вода, депантенол, натриум фосфат, калиум фосфат, хијалуронска киселина, пептидни комплекси АА-3, АА-6, АА-7, сорбинска киселина, килибарна киселина.
Начин на употреба: Наутро и навечер нанесете мала количина (3-6 какпки) од балзамот на кожата околу очите. Лесно тапкајте го балзамот на горниот и долниот очен капак. Оставете да се впие во кожата.
Опис на состојките:
- Пептид од Б-компоненти на имунолошки систем (пептиден комплекс АА-3)
Влијае врз реакцијата на клеточниот и хуморалниот имунитет и врз неспецифичната отпорност на организмот. Ги стимулира инхибираните процеси на регенерација, го подобрува текот на процесот на клеточниот метаболизам.
- Пептид од мрежница (пептиден комплекс АА-6)
Ги стимулира фоторецепторите и клеточните елементи на мрежницата, ја подобрува функционалната интеракција на пигментскиот епител и надворешните сегменти на фоторецепторите, глијалните клетки при пореметувања на дистрофија, го забрзува обновувањето на чувствителноста на мрежницата на светлина. Ја нормализира васкуларната пропуштливост, ги ублажува симптомите на локални воспалителни реакции, ги стимулира репаративните процеси при заболувања и повреди на мрежницата.
- Пептид од ѕид на крвни садови (пептиден комплекс АА-7)
Ги регулира метаболичките процеси во ѕидот на крвните садови. Ја подобрува еластичноста на артериите, вените и лимфните садови. Го намалува ризикот од оштетувања на ѕидовите на крвните садови, излевање на крвта и томбогенеза. Го подобрува снабдувањето со крв на органите и ткивата.
- Пантенол
Пантенолот е многу ефикасен за зараснување на раните и ублажување на воспаление, ја потпомага клеточната регенерација и рехабилитација на оштетените ткива во организмот. Ги отстранува оштетувањата во структурата на белковините и го стимулира метаболизмот на материите како еден од најважните фактори во процесите на регенерација на ткивото.
- Хијалуронска киселина
Се наоѓа во клетките и меѓуклеточниот простор и учествува во голем број биолошки процеси: клеточна делба, адаптација на клетките на физички и хемиски влијанија од околината, воспаленија, регенерација, миграција и пролиферација на клетките, јонска размена, транспорт и размена на материи. Најважна функција на хијалуронската киселина е во меѓуклеточниот матрикс, каде што е и најзастапена. Хијалуронската киселина е високохидратантна и високоеластична, не предизвикува имуногена реакција, ниту пак има токсично дејство, благодарение на што е широко застапена и во медицината и во козметологијата. Хијалуронската киселина се користи за хидратизација на кожата и рожницата, за лечење на остеоартритис, за стимулација на зараснување на раните, но и како помоѓна состојка за внес на лекови и гени во целните клетки.
- Килибарна киселина
Овој моќен стимулатор за производство на енергија поседува сигурен регенеративен ефект. Го потпомага клеточното трошење на кислород, го подобрува клеточното дишење. Делува како антиоксиданс, ги неутрализира слободните радикали, има многу силно лековито и подмладувачко дејство и не предизвикува несакани ефекти.