Сè за пептиди

ЗОШТО ДА ПОЧНЕТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ПЕПТИДНИТЕ БИОРЕГУЛАТОРИ?

Денеска просечниот животен век на човекот во некои земји изнесува околу 70-80 години, но генерално пресметано денеска човекот живее околу 60-70 години, трошејќи 30% од енергијата на своите витални ресурси за да им се спротистави на штетните фактори од животната средина, стресот, радијацијата и слично. Сето тоа предизвикува
промена во работата и структурата на гените и на крајот доведува до побрзо стареење, а со тоа и до намалување на просечнот животен век за 30-40%.

За да се успори прераното стареење на телото му е потребна помош од геропротекторите врз база на пептиди. Тие ги нормализираат метаболичките процеси во клетките и клетките започнуваат да функционираат во границите на нормалата и на оптимално ниво за соодветна возраст, односно возраста на организмот. Ова е докажано преку голем број испитувања, а во последите години пептидните биорегулатори ги користеле околу 15 милиони луѓе.

Несакани ефекти од нашите биорегулатори сè уште не се откриени. Оттука со сигурност можеме да речеме дека употребата на природните пептидни биорегулатори е пат до активна долговечност, бидејќи се наменет за спречување на прераното стареење и спречување на заболувањата кои се поврзани со стареењето, вклучувајќи ја и онкологијата, а во исто време го продолжуваат животниот век на човекот. 

НАУКАТА ГО ВРАЌА ЗДРАВЈЕТО

Можете и треба да бидете здрави – самостојно и без лекарства!!!

Пептидите се врвни препарати кои веќе им подариле радост и здравје на многумина
ширум светот!

Чекор по чекор ќе ви го претставиме единственото научно откритие во руската медицина на коешто му нема слично во светот. Пептидните препарати се иднината на медицината. Тие се единствен докажан начин како да се продолжи животот со помош на пептидната биорегулација и како да ги решите проблемите кои ги имате, а кои секојдневната пракса на лекарските ординации не може да ги реши.
И лицата коишто немаат проблем и се потполно здрави можат да пронајдат во нашите производи дополнителен извор за заштита на својот организам.
Овие препарати претставуваат перспективна иднина на медицината, а со самото тоа и Ваша перспективна иднина.

КАКО ЗАПОЧНА ‒ ПЕПТИДИТЕ КАКО ОТКРИТИЕ НА ВРВНИТЕ НАУЧНИЦИ

Пептидите се плод на работата на врвните научници при Институтот за биорегулација и геронтологија во Санкт Петербург, кој е еден од водечките светски институти во областа на подмладувањето и продолжувањето на животот. Овој Институт за биорегулација и геронтологија заедно со Истражувачко-производниот центар за ревитализација и здравје ви нудат единствена, научно тестирана програма за подмладување.

На чело на Центарот се наоѓа тим од искусни професионалнци од областа на различни програми за подмладување и продолжување на активната долговечност ширум светот. Пред повеќе од 35 години руските научници под раководство на Војномедицинската академија добиле важна тајна задача – било потребно да се направи препарат кој би можел да одговори на современите војни опасности кои предизвикуваат предвремено стареење на организмот поради преоптеретување и негативни влијанија кои доаѓаат од околината.

Научницте од Институтот на чело со професорот Владимир Х. Хавинсон ја сумирале 37-годишната работа на неколку илјадници научници од педесет истражувачки институти на Советскиот сојуз и заклучиле дека постарите луѓе кои ги користеле овие препарати живееле за 40% подолго, а сите органи им работеле како часовник – како
времето да застанало. Тие се всушност и најголемиот доказ дека пептидите го продолжуваат животот. 

Денеска Владимир Хавинсон поседува најголем број патенти во светот од областа на подмладувањето и подобрувањето на здравјето. Бил номиниран и за Нобелова награда во 2010 година. Претседателот на Русија, Владимир Путин, на В. Хавинсон му врачил орден за пријателство за достигнуавањата во полето на науката. Исто така, добитник е и на Чеботаревата државна награда на Украинската академија за науки од областа на геронтологијата.

ПЕПТИДНИТЕ БИОРЕГУЛАТОРИ СЕ ПРИРОДНИ

Користењето на пептидните прозиводи на некој начин претставува имитација на природните процеси. Затоа и нивното користење покажува висок степен ефикасност и нема несакани ефекти. Со употребата на овие препарати ќе заборавите на алергиите, на можноста за пречекорување на дозата и на други слични комплиации. Нашите препарати се создадени од органи на имунолошкиот систем – од тимусот, мозокот, црниот дроб, панкреасот, ‘рскавицата итн. ‒ и ја обновуваат синтезата на белковините во ткивата кои се изложени на влијанија од екстремни штетни фактори.
Со употребата на нашите пептидни биорегулатори, кои се создадени врз база на пептиди, а кои се добиваат од органи и ткива на млади животни, се продолжува животниот век за 30-40%.

Пептидите не се ниту лекови ниту суплементи. Тие се биорегулатори, т.е. природни производи кои учествуваат во размена на материи. Пептидите или аминокиселините ги има секаде, затоа и несаканите ефекти од нив се невозможни. Тие се само сигнални молекули кои ги пренесуваат информациите на здравите клетки, а кои телото постепено ги губи со текот на годините (стареењето). Оттука, пептидите активно им се спротиставуваат на процесите на стареењето, ги активираат механизмите на регенерирање на ткивата, ја зголемуваат клеточната отпорност на влијанието на
токсините и другите штетни фактори.

Значи, покрај тоа што му помагаат на нашиот организам, тие буквално и го оживуваат, го стимулираат да работи како да е млад. Благодарение на пептидите доаѓа до раст на адаптациониот потенцијал и обновување на функционалната активност на органите и ткивата.

КЛИНИЧКИ ПОТВРДЕНО

Клиничките испитувања покажале дека пептидите ги иницираат процесите на регенерација на клеточно ниво, благодарение на што органите започнуваат да работат како да се дел од млад и потполно здрав организам. Препаратите се базираат на нанотехнологијата. Принципот на дејствувањето на овие препарати оневозможува несакани ефекти и последици и практично ја исклучува можноста да има какви било лоши последици врз организмот. 

Оваа технологија ги елиминира вирусите, хормоните, бактериите и другите микроорганизми. Препаратите не влијаат негативно врз гените и нивното користење ниту на еден начин не влијае врз потомството. Нивната употреба е потполно безбедна.

Научниците создале цела линија пептидни биорегулатори на коишто им нема слични во светот. Препаратите се строго хистоспецифични, што значи дека за секој орган, систем или ткиво постои соодветен препарат. Главната карактеристика на препаратите е да дејствуваат „паметно“, односно селективно – само таму каде што постои проблем.

Максимално дејство на препаратите се постигнува со нивна комбинирана употреба. Клинички е докажано дека препаратите го успоруваат процесот на стареење на организмот и дека можат да го продолжат животот за 30-40%. Употребата на препаратите покажува и знаци за подмладување на организмот: исчезнуваат белите влакна во косата, кожата станува поеластична, се чувствува зголемено ниво на енергија, се подобрува работната способност.

Научниците кои ги развиле пептидните биорегулатори врз основа на севкупното искуство и знаење од оваа област, препорачуваат со користењето на пептидните биорегулатори да се почне на 35-годишна возраст. Но со цел да се лечи или подобри работата на одредени органи или системи во организмот, препаратите може да се користат во одредена доза и на помлада возраст.

АПСОЛУТНО БЕЗБЕДНО

За време од повеќе од четириесет години истражување, пептидите ги користеле повеќе од 15 милиони луѓе. За тоа време не се покажало ниту едно нескано дејство, додека степенот на ефикасност од примената на препаратите изнесувал 75-95%. Пептидите се потполно безбедни, бидејќи во својот состав имаат неколку аминокиселини кои веќе ги има во секој жив организам. Сите тие вообичаено се составен дел од храната, од прехрамбените белковини, од месото…

Квалитетот на суровините кои се користат за производство на пептидите е и предуслов за ефикасноста и правецот на дејствувањето на овие производи. Кога се користат не постои можност да се предозирате, затоа што секој внесен пептид во одредено ткиво делува само врз тоа ткиво и тоа само во случај кога тоа е неопходно, односно кога на ткивото му е потребно подобрување поради некоја штета која е направена врз него. 

Многубројни студии покажале дека употребата на пептидните биорегулатори придонесува за јакнењето на сите органи и за очувувањето на нивното здравје. Тие се потполно природни, органски супстанци кои лесно се апсорбираат, навлегуваат во нашиот организам и најважно од сè – не му штетат. 

Производите на нашата компанија поседуваат сертификати од Русија, Србија, Украина; имаат добиено признание во Европа и сертифицирани се според највисоки европски стандарди. 

Употребата на пептидните биорегулатори секако претставува пат до долговечноста!

ЗОШТО СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ ПЕПТИДИТЕ

Хавинсоновите пептиди се целини (ниски) составени од неколку конкретни аминокиселини, својствени за нашиот организам како сигнални молекули. Регулирајќи ја активноста на гените, тие во организмот иницираат природен механизам на синтеза на белковините за градење нови клетки. Хавинсоновите пептиди вршат селективно
влијание токму врз оштетените клетки кај одреден орган. Пептидите се строго хистоспецифични. Бидејќи имаат одредена просторно-молекуларна структура, тие слично како делчиња од сложувалка се вградуваат во одреден оштетен дел од ДНК и му даваат на организмот сигнал да врши синтеза на белковини и да гради нови клетки за органите на коишто им е потребно оздравување. Ова всушност претставува имитација на природните процеси. Оттука пептдите покажуваат високи степен на ефикасност и со нивната употреба не може да дојде до несакани ефекти. Со употребата на пептидите ќе заборавите на алергиите, на опасноста од перечекорувањето на дозата и на други компликации. 

Благодарение на нивните нанодимензии (најмала можна големина), Хавинсоновите пептиди продираат низ ткивните бариери и со самото тоа можат брзо да ги пронајдат оштетените клетки и да влезат во истите. Пептидните биорегулатори се најново темелно и најсовршено достигнување во областа на медицината, кое ја продолжува низата: хигиена, појава на антисептици, вакцинација, октривање на антибиотици. Дешифрирањрто на човековите геноми и најновите откритија од областа на молекуларната биологија, во која спаѓа и откритието на влијанието на пептидите врз човековиот организам, им овозможиле на научниците со помош на 35-годишна работа да создадат препарати кои се единствени во светот. Врз основа на многубројни истражувања и според резултатите од влијанието кое го имаат пептидите врз оздравувањето на организмот, научниците заклучиле дека примената на Хавинсоновите пептиди може да се спореди со примената на хормонските препарати. Но, пептидите не се хормони! Пептидите се елементи од нашата секојденвна исхрана. Сепак, за да му се пружите на својот организам доволен број прептиди кои би имале тераписко дејство, портребно е на пример, да изедете слон! Затоа во пептидните биорегулатори всушност има толку пептиди колку што ни е потребно, и со нивна употреба не мораме да изедеме еден цел слон. Пептидите исто така не се само она што го јадеме. Пептидите се и составни делови на нашите клеточни белковини. Токму затоа Хавинсоновите пептиди немаат несакани дејства. Врз основа на практично набљудување, приметено е дека кај лицата кои се лечат со Хавинсоновите пептиди по одредено време само по малку се приметува дека всушност имале некој одреден проблем. Влијанието на пептидите е толку природно и спонтано што ќе ни изгледа дека болеста сама по себе си престанала и исчезнала. Болеста навистина исчезнува, благодарение на тоа што организмот се обновува. А пептидите се токму такви препарати кои му помагаат на организмот да се самообновува, така што ни покажуваат знаци за почеток на тој процес.

ИМУНИТЕТОТ И ПЕПТИДИТЕ

Постојат некои медицински термини кои се користат толку често што луѓето обично не размислуваат за тоа што всушност тие значат. Еден од овие термини е и имунитетот. Секој слушнал за него и знае дека станува збор за заштита на организмот од различни болести, но само специјалистите знаат што е имунолошки систем и на кој начин тој работи.

Што е имунолошки систем?

Кај луѓето и кај животните, ‘рбетници и цицачи, постои имунолошки систем кој го штити организмот од сите генетски страни тела во организмот: вирусите, бактериите, паразитите, пресадените органи, па дури и сопствените клетки кои го промениле генот. Имуниот систем неверојатно брзо и прецизно ги детектира и отстранува сите генетски страни тела, дури и ако разликата е само во еден ген.

Имунитетот е долгорочен заштитен фактор од инвазија на патогените микроорганизми и вируси кои заедно со бразата поддршка на неспецифичните фактори на заштита постојано ја одржува во нормала внатрешната состојба на организмот. Овој единствен систем делува против вирусите, бактериите, а и против страните протеини. Имунолошкиот систем нè штити од надворешни напади и од сè штетно што нè опкружува. Овој прилично неверојатен процес на борба помеѓу инфекцијата и имунитетот настанал како резултат на еволуција која траела илјадници години, можеби и милиони.

Имунитетот, како и многу други физиолошки системи, се состои од молекули, клетки, ткива и органи. Главниот орган на имуниолошкиот систем е градната жлезда или тимусот, орган кој се наоѓа позади градната коска и произведува специјални клетки. Најважните клетки на имунолошкиот систем се познати под името Т-лимфоцити, задолжени за клеточниот имунитет. Тоа се всушност белите крвни зрнца. Втор главен орган на имунолошкиот систем е коскената срж, која произведува повеќе крвни зрнца меѓу кои за клетките на имунолошкиот систем важни се Б-лимфоцитите и поврзана е со хуморалниот, вонклеточен имунитет.

Многу други органи и клетки учествуваат во формирањето на имунитетот: слезината, лимфните чворови и лимфоцитите, а црниот дроб ги произведува таканаречените макрофаги. Кожата исто така врши разновидни дополнителни заштитни функции. Всушност, во сите органи и ткива во телото се формират или живеат клетки на имунолошкиот систем. Кај луѓето ги има многу. Доколку ги изброиме тие клетки ќе добиеме број со тринаесет нули.

Исто така, постојат и специјални гени на имунитетот кои го контролираат нашиот имунолошки одговор, а токму гените на имунолошкиот одговор одредуваат каква ќе биде реакцијата на организмот – силна или слаба, физиолошка, односно насочена да заштити или патолошка. На пример алергијата – која исто така е имунолошки одговор ‒ наместо да штити, ни прави голема штета. Понекогаш имуниолошкиот систем „побудалува“ и ги напаѓа сопствените клетки, ткива и органи – тоа се всушност аутоимуни процеси кои ги има многу (на пример: мултипна склероза, хасимото тиреоидитис, дијабет, реуматоиден артрит, астма, Кронова болест, лупус, склеродермија, дерматомиоза и многу други) и кои предизвикуваат зголемено ниво на шеќерот, нарушување на крвните садови, бубрезите, мозокот, белите дробови, зглобовите, цревата, штитната жлезда, кожата, мускулите…

Дел од имуно-одбраната ја добиваме при самото раѓање и тоа се нарекова вроден имунолошки систем ‒ одбрана која ни е запишана во гените и која претставува многу брза реакција на опасност по организмот. Има задача веднаш да ги уништи микроорганизмите и така да ја неутрализира опасноста. Инфламаторните процеси во нашето тело (воспаленија, запаленија, гној) се резултат на борбата помеѓу штетните тела и вродениот имунитет. Во тоа ни помагаат и бариерите кои се наоѓаат на местата каде што нашето тело доаѓа во допир со надворешната средина (на пример: солзите, слузта во носот, плунката, потта, желудечната киселина).

Од друга страна пак, стекнатиот имунитет поспоро се активира, но е поефикасен. Функционира така што нашиот организам е способен да го научи најефикасниот начин за борба против специфични патогени кои самите се прилагодиле да ги поминаат препреките на вродениот имунитет.

Вродениот имунитет кој го наследуваме поседува имунолошка меморија, а за да имаме и стекнат имунитет се користи вакцинацијата и микроинфекцијата како средство.

Основната одбрана на организмот сепак е во рацете на стекнатиот имуносистем, за што ни сведочи и податокот дека инфекциите кај децата се јавуваат и до дванаесет пати годишно, а кај возрасните само два до три пати. По дваесетата година кај човекот полека почнува да слабее имунолошкиот одговор, чијшто најголем непријател е стресот, па зголемената подлежност на телото на вируси и токсини доведува до појава на тешки болести и до пребрзо стареење на самиот организам. Во прилог на тоа говорат и податоците дека денеска се сретнуваме со болести и во четириесетите, со коишто на крајот од ХХ век човекот се среќавал дури во шеесетите.

Знаци за слабеење на имунолошките активности се брзиот замор, хроничниот умор, поспаноста или пак спротивното: несоницата, главоболката, болките во мускулите и зглобовите… Следната фаза на ослабнат имунитет се бескрајните болести, кога не нè заобиколува ниту инфекцијата ниту вирусот. Херпесот на усните значи дека организмот попушта и дека треба нешто итно да се преземе. Последната фаза на слабеењето на имунитетот е збирот од сите хронични заболувања и компликации кои ги имаме.

Како да се врати загубеното?

На помош доаѓаат специјалните природни пептидни комплекси за имунитет, за крвните садови, за нервниот систем, за црниот дроб кои имаат позитивно влијание врз нашиот организам, а се користат за превенција и јакнење на имунолошкиот систем. Овие препарати помагаат да се зајакне имунитетот колку што е можно поскоро, да се стабилизира и да се создадат заштитни бариери против различни воспалителни процеси. Покрај тоа делувањето на овие препарати има за цел да ги нормализира процесите на хематопоезата, а не само да ги елиминира првичните симптоми на настинка и воспалителните процеси во целина. Природните пептдни биорегулатори се покажале и како одлично средство во превенцијата и заштитата на сите видови компликации кои често се јавуваат по некоја вирусна инфекција, операција и хронични болести.

Имунолошкиот систем на човекот – најосвршена војна формација

Кога се фрлени атомските бомби на Хирошима и Нагасаки, многумина кои биле изложени на зрачењето ослободено за време на експлозијата умреле десетина или петнаесетина дена покасно од внатрешно крварење или инфекција. Експериментите извршени врз животни со цел да се истражи што се случило со овие жртви открија дека зрачењето ги убива генеративните клетки во органите кои произведуваат крвни клетки и во лимфните органи. Телото умира затоа што нема клетки одговорни за згрутчувањето на крвта и за борба против напаѓачите на организмот.

Коскената срж – центар за производство на војници

Фабрика за овие неопходни клетки во организмот е коскената срж. Интересно е тоа што разновидни производи се создаваат во таа фабрика. Некои од клетките кои тука се создаваат имаат улога да произведуваат фагоцити, некои имаат функција во процесот на згрутчувањето на крвта, некои во разложувањето супстанци. Тие клетки се разликуваат по функција, како што се разликуваат и по својата структура. Воодушевувачко е тоа што науката открила еден посебен прозиводен систем за многу различни клетки кои работат со една иста цел. Изгледа дека овој факт претставува непремостлива препрека и за теоријата на еволуцијата. Секако, тоа е затоа што тероријата на еволуцијата тврди дека повеќеклеточните организми еволуирале од едноклеточните. Па ако е тоа така, како можело случајно да се формираат клетки кои градат систем способен да произведува нови клетки во самата структура која ја градат? Тоа е слично како илјадници цигли да прелетале во воздух како резултат на експлозија во една фабрика за цигли,  а потоа случајно да паднат една врз друга и притоа да соѕидаат сосема нова зграда. И згора на сè, во таа зграда мора да постои уште една фабрика која гради нови цигли, а притоа треба да се има предвид и фактот дека создавањето на човековото тело е неспоредливо посупериорно во однос на градењето на една зграда. Клетките, како градежен блок на човековото тело, имаат премногу совршен дизајн за да можат да се споредуваат со каков било производ создаден од раката на човекот. Оваа споредба на клетки и цигли е направена единствено со цел да се укаже на целата погрешност на хипотезата на еволуцијата.

Тимусот – факултет во нас

Тимусот при биолошки преглед би изгледал како обичен орган кој нема некоја особена функција. Меѓутоа, работата која тој ја врши, по детално испитување, ни прикажува неверојатна слика. Во тимусот лимфоцитите добиваат еден вид обука. Не, ова не го прочитавте погрешно. Клетките се на обука во тимусот. Обуката претставува пренос на информации која може да се изврши само со единици кои поседуваат одредено ниво интелигенција. Според тоа, овде постои еден значаен факт кој мора да се спомене. Она што тука всушност врши обука е едно парче ткиво, т.е. тимусот, а обуката ја добива една минијатурна клетка. Сепак, и тимусот и клетката се несвесни единици. Кога ќе заврши обуката, лимфоцитите се опремени со многу важен обем информации. Тие учат да ги препознаат конкретните карактеристики на клетките во телото. На некој начин, лимфоцитите учат да ги препознаваат телесните клетки. На крајот, слободно може да се заклучи дека тие клетки го напуштаат тимусот снабдени со потребните информации. Така за време на својата служба во телото, лимфоцитите не ги напаѓаат клетките со чијшто идентитет се запознаени, додека сите останати клетки или страни материи ги напаѓаат и уништуваат. Со години тимусот бил сметан за рудиментарен орган од страна на еволуционистички насочените научници и користен е како таканаречен доказ за еволуцијата. Меѓутоа, неодамна е откриено дека овој орган претставува поткрепа на одбрамбениот систем. Откако го сфатија ова, еволуционистите, кои некогаш тврделе дека тимусот е закржлавен орган, сега даваат сосема спротивна теорија за истиот орган. Тврдат дека тимусот порано не постоел и дека се создал постепено со еволуција. Тие и понатаму тврдат дека тимусот се формирал при подолг еволуционарен период од повеќе други органи. Меѓутоа, без тимусот и без потполно развиен тимус, клетките не би можеле да научат да ги препознаваат непријателите и одбрамбениот систем не би функционирал. Така човекот без тој систем не би ни преживеал. Дури и сега, тоа што ја читате оваа реченица, е доказ дека тимусот не е создаден при долги еволуциони процеси, туку дека отсекогаш постоел, совршен во секој поглед, од времето кога настанал и првиот човек.

ИСТОРИЈАТ ЗА ПРОНАОЃАЊЕТО НА ПЕПТИДИТЕ

Со векови наназад енигмата на структурата и функцијата на живиот организам била предизвик за научниците кои се обидувале да откријат кои лековити супстанци би можеле да ги нормализираат не само природните функции на органите, туку и да помогнат при детоксикацијата на организмот.

Напорите на биолозите и научниците постепено, чекор по чекор, резултирале со проучување на молекуларното ниво на најважните основни структурни компоненти на органите и системите. Така во соединенијата преку хидролиза на белковини, најважните структурни елементи на човековиот организам, се откриени аминокиселините (во 1900 година биле пронајдени само тринаесет), а сè останато било наречено „пептони“ чиишто својства тогаш не можеле да се проучуваат и испитуваат поради тогашното ниво на развојот на науката.

Но, науката како и животот на Земјата постојано се движела напред, па теоријата на Е. Фишер за градбата на човековите белковини ја објаснила и функцијата и постоењето на клеточните аминокиселини. Основа за оваа теорија биле комплексните истражувања на белковините (протеините). Фокусот на овие истражувања бил всушност врз синтезата на аминокиселините и пептидите, односно синтезата и очувувањето не само на нивната структура, туку и на функционалните својства. Е. Фишер истражувајќи пишувал за тоа дека без оглед на големите тешкотии, неопходно е да се бара синтезата на соединенијата и на молекулите на аминокиселините кои внесени во организмот ќе дадат позитивни здравствени ефекти.

Треба да се нагласи дека неговата теорија е неоспорно докажана, а синтезата на белковините (пептидите) во форма на клеточни аминокиселини и денеска се основа за многу научни тудови, истражувања и откритија, додуша настанати многу покасно затоа што пионирските потфати најчесто биле оценувани негативно од страна на современиците.

Соработниците на Е. Фишер синтетирале повеќе од 125 пептида (клеточни аминокиселини) кои имале различна градба и дејство. Најголемиот пептид во себе содржел осумнаесет сегменти аминокиселини.

По многу дополнителни спроведени истражувања, дијаметрално различни, во втората половина на ХХ век, докажано е дека сепак теоријата на Е. Фишер е неоспорлива и понатамошните истражувања биле усмерени во правец на испитување на белковините, нивното усовршување врз основа на добиените податоци и нивната примена во клиничката пракса.

Историјата на пронаоѓањето на пептидите е од крајот на ХХ век – почетокот на ХХI век на Институтот за биорегулација и геронтологија во Санкт Петербург, северо-западен огранок на Руската академија за наука и медицина.

Седумдесетите години на ХХ век на Војно-медицинската академија Киров во Санкт Петербург под раководство на професорот В. Х. Хавинсон почнале експерименталните анимални истражувања на синезата на кратките пептиди од различни ткива и органи и нивното влијание по внесувањето во организмот на човекот. Продолжувајќи ги истражувањата на В. Х. Хавинсон и неговите соработници заклучиле дека пептидите покажуваат не само позитивен физиолошки ефект врз оганите на човекот, туку и индицираат спонтана синтеза на протеински структури во нив и со тоа директно ги воспоставуваат сите витални функции на организмот на најоптимално ниво. Дефинитивно е заклучено и докажано дека најефиксано е да се применуваат пептиди специфични за соодветниот орган, односно оние кои и природно се наоѓаат во структурата на одредена клетка на органот.

До денеска тимот под раководство на академикот, членот на Руската академија за медицинска наука, професорот В. Х. Хавинсон, развил и регистрирал повеќе од четириесет пептидни биорегулатори, а во процесот како лекови регистрирани се само два пепарати од кратки пептиди (Bronhogen forte и Pankragen forte), додека другите препарати се во подготовка за овој процес. Препаратите на оваа компанија се заштитени со патент во тринаесет земји, вклучувајќи ги и САД.

ТАЈНАТА НА ЖИВОТОТ – НАНОПЕПТИД

Стручните лица тврдат дека животот на човекот (хомосапиенс) трае 100-200 години. Зошто тогаш денеска многу мал број од луѓето ги доживуваат тие години? Кои научни откритија нè водат до долг живот? Што се кратки пептиди и дали тајната на животот се крие во нанопептидите? Владимир Н. Анисимов, претседател на Геронтолошкиот сојуз, вели: „Како што веќе знаеме човештвото многу брзо старее. Во последните 160 години очекуваното траење на животот секоја година се намалува за три месеца и не можеме да си претпоставиме како ќе се менува тој процес во иднина. Истовремено, во последната деценија собраните податоци покажуваат дека постои и движење на овој процес во спротивен правец, односно во Соединетите амерички држави на пример, се очекува дека повеќе од пола милион луѓе ќе ја доживеат стотата година.“

Една од можностите е – најактивната област на истражување на руските научници – развивањето на пептидните лекови. Истражувањето траело повеќе од 35 години и тоа во најпознатите руски институти: во Санкт Петербург, Москва, Новосибирск и други градови.

Многу од експериментите се вршени со лекови и најчесто (повеќе од триесет експерименти) се однесуваат на испитување на нивното дејство врз продолжувањето на животот. Утврдено е дека овие лекови го намалуваат бројот на заболувањата и го успоруваат процесот на стареење. Научниците ја претставија својата програма во областа на превенцијата против прераното стареење.

Владимир Николајевич Шабалин, директор на Геронтолошкиот институт МЖР, академик, професор.

Геронтологија, геријатрија – постојат повеќе теории во истражувањата на процесот на стареење. Најважна област на истражувањата е биолошкиот процес на човековиот живот. Во дваесетиот век очекуваниот животен век на човекот се удвоил. Во каменото време луѓето живееле во просек 25 години, во среднитот век 30-35, додека кон крајот на ХХ век и до 70 години.

Во ова време човештвото постигнало и одредено ниво на интелектуален развој. Мажите почнале да се вмешуваат во биолошките процеси на животот и се обидувале да живеат колку што е можно подолго. Постојат три главни фактори кои ја овозможуваат превенцијата против патолошкото стареење:

  1. хемискиот фактор – регулира некои дегенерации;
  2. физичкиот фактор – влијанието на секундарните процеси на организмот;
  3. биолошкиот фактор – влијанието на превентивните елементи врз процесот на стареење.

Биорегулаторите се многу важни за интелектуалниот развој, тие можат да овозможат исполнување на нашите барања и желби.

Владимир Хацкелевич Хавинсон, потпретседателот на Геронтолошкиот Сојуз, директор на Институтот за биорегулација и геронтологија при Универзитетот во Санкт Петербург и дописен член на Георнтолошкиот институт, вели:

„Денеска ги претставуваме истакнатото откритие, методи и техники на светско ниво кои играат значајна улога во превенцијата против прераното стареење. Оваа програма е ефиксана и успешна во Русија“.

Резултатите на долотрајните истражувања на Институтот за биорегулација и геронтологија при Универзитетот во Санкт Петербург покажале дека кратките пептиди и 2-3-4 аминокиселини, кои се состојат од пептидни биорегулатори, го регулираат метаболизмот и така ни овозможуваат телото да функционира исто како што функционура и младиот и здрав организам. На тој начин се регенерира биолошкото и функционалното активно торшење, како и нездравите клетки и ткива.

Нанопептидот тука претставува темел на еден нов збир лекови, а тоа е комплекс од биорегулатори. Сите експерименти потврдуваат дека пептидите ефективно влијаат врз процесот на стареење.

Ова всушност претставува принцип на дејствување на метаболизмот врз коплексна основа во човековиот организам и клетките. Влијае врз неопептидната секвенција – кратки ланци од 2-3-4 аминокиселини – која вусшност е еден вграден информационен код, па така клетките започнуваат активна синтеза со белковините. Овој механизам е и универзалниот клуч, а тој со стареењето и самиот се менува, бидејќи веќе е познато дека колку што е постара клетката, толку потешко ги синтезира белковините. Пептидите се безопасни затоа што аминокиселините се природно присутни во организмот. Го поправаат процесот на метаболизмот, ги поправаат клетките, а ткивата и органите со нивна помош добиваат карактеристики на млад организам.

Низ години истражувања научивме како да ги избереме пептидите за разновидни типови ткива: коски, ‘рскавици, мускули, васкуларниот систем итн. На пример, пептидите corpus pineale (дел од мозокот) кај човекот создаваат соодветен ритам за производство на мелатонин од страна на хормоните кои го спречуваат стареењето. Ноќната работа е многу штетна за човекот, бидејќи мелатонинот се создава ноќе и тоа за време на спиењето. Оној кој ноќе работи, побрзо старее.

Институтот од животински и синтентизирани репроматеријали развил неколку десетини нанолекарства, но за жал тие во аптеките ширум светот ќе се појават дури по неколку години.

ПЕПТИДИТЕ И СУШТИНАТА НА ПЕПТИДНАТА БИОРЕГУЛАЦИЈА

Пептидите играат главна улога во физиолошките процеси во телото. Што е најважно од сè, пептидите ја регулираат активноста на гените затоа што тие се единствените носители на информационите кодови за секој конкретно дефиниран вид клетки.

Пептидите се супстанции во чиишто молекули се вградени ланци со повеќе аминокиселини поврзани меѓусебно со пептидни врски.

Нашите животи постојат поради два молекула: протеините – пептидите и ДНК-молекулот која ги чува информациите. Но, ДНК е матрица, хемиски молекул кој сам по себе не е активен. Неговото спојување со пептиди во одредени негови делови, слично како клуч со клучалка, е команден сигнал за синтеза на зададените особини.

Наједноставната структура на протеините се формира со пептидни врски. Аминокиселините во пептидите меѓусебно се поврзани со ковалентни врски, кои можат да бидат уништени само во тешки услови (на пример, кога се варат јајца доаѓа до хидролиза на пептидите и издвјување на протеините).

Синтезата на протеините, односно реализацијата на генетеските информации во живите клетки се остварува со помош на два матрични процеса: со транскрипција (односно синтеза на м-РНК на матрицата на ДНК-молеколуот) и со транслација на генетскиот код и поврзување со аминокиселините.

Ако си ја претставиме човековата физиологија како еден куклен театар, тогаш транскрипционите фактори работат во него преку ниским кои ги поврзуваат рацете на глумците со куклите. Контролата на правилното работење на транскрипционите фактори е клучот, не само во борбата против различни болести, туку и во технологијата на матичните клетки. Меѓутоа, овие протеини до неодамна беа сметани како нечувствителни на лекови: супстаниците кои ги контролираат нивните активности не постоеја порано. Ниту конвенционалните лекови (кои се состојат од „мали“ молекули) ниту беоклв (кои се сотојат од макромолекули), препарати врз кои немаа никакво влијание.

Транскрипционите врски не работат самостојно, туку во комбинација со други протеини. Научниците открија дека врските на протеините имаат посебна спирална форма. Така сфатиле дела ако конструираниот ред спирали е сличен по големина на овој во „врската“, едната од нив, по можност, може да биде вградена во структурата на комплексот и така да ја промени активноста на гените во ДНК.

Научниците и експериментално утврдиле дека пептидите ја регулираат активноста на гените по пат на комплементарно врзување со одреден дел од ДНК-молекулот, односно со геноспецифични врски и дека директно се вклучени во механизмите на епигенската регулација. Пептидите во така „утврдена положба“ пренесуваат информации до строго одреден тип клетки (синтеза на специфични ткивни протеини). Тоа значи дека одреден пептид делува врз строго дефиниран тип ткиво или орган.

Механизмот на пептидната регулација на живата материја може да се опише со следните фази:

  • комплементарна интеракција на кратки пептиди со ДНК;
  • усогласени промени и дејство (активност) на гените;
  • синтеза на специфични ткивни протеини;
  • регулација на биохемиски и физиолошки процеси.

Сумирајќи го наведеното, напоменуваме дека пептидите влијаат врз организмот така што го активираат процесот за подмладување и обновување на клетките.

Пептидите, и природните (добиени со екстракција од еден орган) и синтетичките, имаат заштитен ефект врз организмот на клеточно ниво. Пептидите ги штитат клетките од изложувања на токсини, го убрзуваат метаболизмот во клетките и ги отстрануваат сите отпадни материи во нив, но генерално, пептидите ја нормализираат работата на органите, придонесуваат кон тоа да се снабдат со хранливи состојки, како и кон тоа да се обнови оштетеното ткиво.

ЗА ПЕПТИДНИТЕ БИОРЕГУЛАТОРИ

Современиот живот е исполнет со огромни притисоци врз човечкиот организам ‒ стрес, лоша екологија, недоволно движење – а сето тоа доведува до функционални пореметувања во организмот. Теориите за стареење неоспорливо докажуваат дека овие притисоци се основата за стареење на организмот на клеточно ниво  и дека токму затоа „помош“ на органот мора да му биде дадена на исто ниво – преку микроскопски составни единици на клетките кои се заеднички за сите живи организми.

Иако до неодамна се сметало дека младоста е нешто што брзо оди во заборав, денеска се знае, благодарение на триесетгодишните истражувања на руските научници во врска со процесот на стареењето, дека постојат уникатни компоненти – пептидни биорегулатори, кои дејствувајќи врз основната структура на клетките во организмот го спречуваат развојот на болести, но и им се спротивставуваат на прогресивните биолошки условени заболувања, чувајќи ја младоста и функционалноста на секоја жива клетка во организмот, а со самото тоа чувајќи го и организмот во целина.

Со проучувањето на структурата на најактивните комбинации на аминокиселини (пептиди) од различни органи, во лабораториски услсви, создадени се соединенија кои им се исти по структура. Внесени во организмот на човекот пептидите можат за 30-40% да го продолжат животот на клетките на оној орган од којшто се создадени (ткивно-специфично дејство и структура).

Механизмот на дејствувањето на еден комплекс пептиди се објаснува така што се знае дека тие ја ревитализираат клетката, го подмладуваат во потполност целиот организам, имаат протективно дејство затоа што ѝ ја враќаат отпорноста на клетката на хипоксија и на дејствата на токсините, ја нормализираат размената на материите во ткивата и го интезивираат метаболизмот на клеточно ниво. Пептидите имаат протективно и ревитализирачко дејство врз ткивата и органите како во нормални физиолошки услови, така и во патолошки услови, бидејќи на физиолошко ниво го одржуваат бројот на зрелите функционално активни клетки, како што ја одржуваат во нормала и размената на материите во нив. Преку дејство пептидите ги оптимизираат физиолошките процеси на органите и ткивата.

Пептидите се органски супстанци кои се состојат од аминокиселини соединети со пептидна врска, и тоа во форма на бипептиди, трипептиди, но и полипептиди. Во клетките на живиот организам пептидите се синтезираат од аминокиселините и се јавуваат како резултат на размена на материјата на белковините. Многу природни пептиди имаат биолошки активни својства (на пример: глутатион, глукагон, грамицидин).

Пептидните биорегулатори се кратки ланци на аминокиселини, првично издвоени од органите и ткивата на животни, а потоа синтетизирани во лабораториски услови. Тие имаат способност да ги регенеираат ткивата и органите, воспоставувајќи ја повторно функцијата која ја нарушиле патолошките процеси. Нарушувањето на биорегулацијата на клеточно ниво, доведува до намалување на отпорноста на организмот кон факторите кои доаѓаат од надворешната средина и хомеостазата на клетките, што е и една од причините за стареење на организмот. Пептидните биорегулатори ја нормализираат синтезата на белковините така што ги спречуваат сукцесивните дегенеративни промени карактеристични за стареењето и ја канализираат промената на здравиот човеков организам кон процесите на ревитализација.

Пептидните биорегулатори се применуваат профилактички и во терапија со синдроми поврзани со биолошко стареење на организмот и значително ја зголемуваат ефективноста на одредени процедури на рехабилитација по дејството на разни екстремни стресогени фактори како што се траумата, радијацијата, интоксикацијата, инфекцијата, психо-физичките напори и др.

Пептидите, како и белковините, се составени од остатоци од аминокиселини, поврзани со пептидни врски, а по хемискиот состав во ништо не се разликуваат од белковините. Сепак, разлики помеѓу нив има во структурта и пред сè во должината на полипептидниот ланец. Пептидите имаат пократки ланци – приближно границата помеѓу пептидите и белковините се наоѓа во рамките на педесет аминокиселински остатоци.

Тие се најважната специфичност на сите белковини. Затоа пептидите, за разлика од белковините не подлегнуваат на данатурација односно на иревирзилна промена на природната конфигурација под дејство на екстремни влијанија врз клетката. Дејствувањето на пептидите врз организмот може да се опише на следниов начин – пептидите ревитализираат, т.е. ги подмладуваат клетките во човековиот организам во целина, имаат протективен ефект, ја зголемуваат отпорноста на клетките од хипоксија, ги забрзуваат метаболитичките процеси и искористувањето на нутритвните метаболити неопходни за келточната хомеостаза и го оджуваат на физиолошко ниво бројот на зрелите функционално активни клетки со што се оптимизираат физиолошките процеси на органите и ткивата.

ЗНАЦИ НА СТАРЕЕЊЕ

Биолошки знаци на стареење

Биолошкото стареење (инволутивните и дегенеративните промени) се појавуваат на молекуларно ниво поради пореметување на синтезата на специфични белковини и промените на ниво на гените што доведува до промена и во структурата на ткивата и органите. Овие структурни промени доведуваат до губење на функцијата на органите и појава на знаци на стареење на организмот (од хронични заболувања, физички знаци на стареење на кожта и други надворешни аспекти) до смрта како краен исход на стареењето. Биолошкото стареење синхроно се случува во сите ситеми и органи на човечкиот организам.

Инволутивните промени на тимусот почнуваат веќе во првата година од животот и за време на животот доведуваат до имунодефициенција (пореметување на имунолошкиот одговор) што резултира со појава на намален имунитет, малигни заболувања и измена (намалување) на отпорноста од инфекции.

Инволутивните промени на епифизата доведуваат до намалување на синтезата на мелатонинот, хормон кој има ефекти врз целиот организам (промена на биоритамот, несоница, намален имунитет, репродуктивни функции и склоност кон канцерогени заболувања).

Промените на коскено-зглобниот систем доведуваат до дегенеративни заболувања на коските и остеопороза.

Промените во хематопеозниот и кардиоваскуларниот систем се однесуваат пред сè на промена на еритропоезата и склоност кон тромбози, емболии, мозочни удари, развој на коронарна атеросклероза и зголемен ризик за појава на инфаркт на миокардот, но и хипертензија.

Промената на функцијата на респираторните органи се темелат врз промени во структурата на капиларите и еластичноста на влакната на ниво на алвеолите и намалување на функцијата на вентилација на белите дробови, развој на емфизем и респираторни инсуфициенции.

Инволутивни промени на органите за варење се евидентирани пред сè во успорувањето на регенерацијата на слузницата и намалување на тонусот на тенкото црево, што доведува до функционални пореметувања со варењето на храната. Со стареењето се менува и функцијата на црниот дроб, се намалува протелитичката, липолитичката и амилолитичката активност на панкреасот. Се зголемува склоноста кон создавање жолчни камења поради заостанувањето на жолчката, а се намалува перисталитиката, моторната и секреторната функција на дигестивниот тракт.

Инволутините промени на урогениталниот систем се манифестираат со намалување на клиренс креатининот и уреата, кај мажите се развива аденом на простатата, а поради губењето еластичност на ѕидовите на бешиката доаѓа до зачестени инфекции и инконтиненции на урината.

Биолошкото стареење на кожата и нејзините деривати претставува визуелно најдраматичен аспект на стареењето на организмот. Кожата го губи тонусот, се појавуваат брчки, хиперпигментација и кератоза. Косата го губи природниот пигмент, станува бела, се проретчува, а ноктите стануваат меки, ја губат прозрачноста и вообичаената структура.

Со стареењето на репродуктивните органи кај двата пола се случуваат драматични психофизички промени. Кај мажите после 50 година се намалува сперматогенезата, се намалува нивото на тестостерон во циркулацијата што доведува до губење либидо и често до импотенција. Главна причина за импотенција на стари години е развојот на атеросклеротични промени на артериите и промена на структурата на венскиот систем на полните органи. Андропаузата има значителни негативни ефекти на севкупното психичко здравје на мажите и развој на депресија. Кај женскиот пол, после педесетата година се случува климактериум (еквивалент на андропаузата), се менува хормонскиот статус што доведува до атрофични промени на слузницата на гениталниот тракт. Психички се манифестира со промени во расположението, честа надразливост и депресија.

Со биолошко стареење на ендокриниот систем се случуваат промени во лачењето хормони кај двата пола и многубројни ефекти врз организмот, најчесто пореметување на гликорегулацијата и појава на дијабет мелитус.

Биолошкото стареење на сетилните органи: со години значително дегенеративно се менуваат структурите на органите за слух и вид. Кај органите за слух ова најчесто резултира со губење на слухот во поголема или помала мера. Кај органите за вид, пак, се менува оштрината на видот и способноста за акомодација, се развива катаракта, глауком, дегенерација на макула ретина. Сетилните органи со стареењето ги губат своите основни функции: се менува сетилото за вкус, мирис, се намалува способоноста за тактилна и соматска чувствителност.

На постари години структурата на клетките од нервниот систем се менува така што доаѓа до дегенеративни заболувања (Паркинсонова болест, Алцхајмер, деменција, послаба меморија). Значајни се промените во сферата на психичките промени и промените во карактерот: намалување на нивото на толеранција, адаптација на промени во социјалното окружување, склоност кон агресивни или депресивни расположенија. Со развој на сенилноста се намалуваат и интелектуалните способности до степен и на такви промени како што се неспособност да се пишува, чита или помни.

Психолошки карактеристики на стареењето

Биолошката старост, бидејќи е неизбежна, доведува до сериозни лични промени на индивидуата и често до губење на интелектуалните функции и генерално на самодовербата. Промените се и во областа на емотивната сфера (чувство на разочарување и негативен животен биланс, осамување и губење на општествениот статус), губење на физичката привлечност и често губење авторитет во семејството и во околината. Се менува сферата на интереси, акценотот се пренесува на сопствениот внатрешен свет, се намалува конторлата врз сопствените реакции, се јавува отпор кон промени, страв од смртта. Често се случуваат негативни животни биланси, кои водат кон чувство на депресија со суицидни идеи.

Психолошките карактеристики на стареењето, како пропратни сегменти на биолошкото стареење, се посебен сегмент од регенеративната медиција и развој на процедури и препарати кои би требало да го одложат биолошкото стареење. 

Кој е механизмот на дејствување на пептидните биорегулатори во забрзувањето на процесот на регенерација на клеточно ниво?

Секоја клетка во организмот се состои од јадро и митохондрии со голем број други елементи. Во јадрото се наоѓа генетскиот запис – информација задолжена за сите фундаментални процеси за време на целиот живот на човекот.

ДНК, носителот на сите наследни фактори, за време на животот трпи одредени промени. На пример, негативните фактори кои делуваат врз организмот на човекот доведуваат до удвојување на ДНК и низ рекации кои се одразуваат врз синтезата на клеточните белковини, се нарушува процесот на создавање, развој и регенерација на клетки. Се создава „магичен круг“. Токму тоа беше и мотивот на научниците да се развие метода на дејствување врз регулацијата на синтезата на белковините во клетката.

Пептидните биорегулатори го активираат ДНК-молекулот во клетката за која се наменети и ја штитат клетката сведувајќи ги на минимум негативните фактори који ја загрозуваат. На тој начин специфичните кратки ланци пептиди со различен состав аминокиселини имаат способност не само да го заштитат ДНК-молекулот и структурата на клетката туку и да го нормализираат и забрзаат процесот на регенерација на ткивата и органите стимулирајќи ги внатрешните резерви на ткивото и оптимизирајќи ги сите основни функции на органите во организмот. Со ова не делуваат само профилактички и го чуваат здравјето, туку и го враќаат биолошкиот часовник наназад.

Благодарение на долгогодишните истражувања, експериментални и клинички, пептидните биорегулатори станаа достапни, нивната ефикасност е докажана, а безбедноста во потпоност потврдена. Низ годините повеќе илјади луѓе, кои успешно ги применувале овие препарати, си го сочувале здравјето и се чувствуваат млади во различни периоди од староста. Благодарение на тоа што нема контраиндикации и на достапноста на препаратите без рецепта од лекар, се појави нов начин не само да се чувствувате здрави, туку и да бидете.

Shopping Cart