Revilab ML03

5 600ден

Revilab ML03
Пакување: 30 капсули
Наменето за: нервен систем и очи

*Содржи пептиди од крвни садови, очно ткиво и мозок.

Availability: На залиха

Се препорачува за:

  • воспалителни и дегенеративни заболувања на нервниот систем;
  • за спречување на очни болести;
  • превенција на болести на мрежницата;
  • акутни нарушувања на церебралната циркулација (превенција и рехабилитација);
  • рехабилитација по повреди на главата;
  • спречување замор на очите од долго работење пред компјутер.

Состав на прозиводот: холин битартрат, капсула (хидроксипропил метилцелулоза, геланска гума (стабилизатор), микрокристална целулоза (МСС), омега-3 масни киселини (алфа-липоична киселина, содржи сорбитол и малтодекстрин), екстракт од tagetes erecta (соджи лутеин и зеаксантин), лактоза (филер), екстракт од haematococcus (содржи астаксантин), калциум соли на масни киселини (калциум стеарат, пептиден комплекс АА-5 (трипептид составен од глутаминска киселина, аспарагинска киселина и аргинин), пептиден комплекс АА-6 (дипептид составен од лисин и глутаминска киселина), силикон диоксид (средство против стврднување), пептиден комплекс АА-7 (трипептид составен од лисин, глутаминска киселина и аспарагинска киселина), тиамин хидрохлорид (Б1), рибофлавин хидрохлорид (витамин Б2), пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6).

Начин на употреба: возрасни 1 капсула на ден за време на оброците. Времетраење на употребата е 4-6 недели. Доколку е потребно, конзумацијата може да се повтори. Може да се конзумира повеќе пати во годината.

Опис на дејствата на производот:

  • Пептид од мозок (пептиден комплекс АА-5)

Стимулира регенерација на неврони на централниот нервен систем. Има селективно дејство врз различни клетки од нервното и мозочното ткиво, го нормализира клеточниот метаболизам и ја регулира клеточната функционалност, го поттикнува функционирањето на централниот нервен систем.

  • Пептид од очна мрежица – ретина (пептиден комплекс АА-6)

Има симулативно дејство на фоторецептори и клеточни елементи на мрежницата, придонесува за подобрување на функционирањето на интеракцијата на пигментниот епител и надворешните сегменти на фоторецепторите, на глијалните клетки кај дистрофичните промени, го забрзува обновувањето чувствителноста на мрежницата на светлина. Ја нормализира васкуларната пермеабилност, ги смирува симптомите на локална воспалителна реакција, ги стимулира репаративните процеси кај заболувањата и повредите на мрежницата.

  • Пептид од крвни садови (пептиден комплекс АА-7)

Ги регулира метаболичките процеси на васкуларниот ѕид. Придонесува за подобрување на еластичноста на артериите, вените и лимфните садови. Го намалува ризикот од оштетување на васкуларниот ѕид, излевање на крвта и формирање тормбови. Ја подобрува снабденоста на органите и ткивата со крв.

  • Астаксантин

Антиоксиданс со огромно позитивно влијание врз нашето тело, 100 пати поефикасен од витаминот Е и 10 пати поефикасен од бета каротен. Го штити нашето тело од слободните радикали. Има ресторативно дејство, го забавува процесот на стареење, го зголемува имунитетот, го подобрува видот, позитивно влијае на здравјето на дигестивниот тракт (успешно се користи за диспепсија, искоренување на Helicobacter pylori), го поддржува кардиоваскуларниот систем, ја зголемува издржливоста на организмот. Има посебен ефект на кожата: го намалува бројот на брчки, го зголемува нивото на влажност и ја враќа нејзината еластичност.

  • Холин

Холинот е сличен на Б витамините. Холинот е вклучен во транспортот на мастите. Тоа е клучна компонента на лецитинот. Недостатокот на холин резултира со акумулација на маснотии во црниот дроб, што на крајот доведува до оштетување на црниот дроб (цироза – заболување на црниот дроб во краен стадиум). Тоа е претходник на ацетилхолин; игра важна улога за нервната и мозочната активност.

  • Каротеноиди

Лутеинот и зеаксантинот изолирани од екстракт од tagetes erecta штитат од оксидативниот процес на леќата на окото, помагаат во одржување на визуелната острина. Како антиоксиданси, тие се способни да ги неутрализираат слободните радикали кои ја оксидираат и оштетуваат мрежницата, го спречуваат развојот на катаракта и служат како одлична превенција од макуларна дегенерација поврзана со возраста.

  • Витамин Б1

Го поддржува имунолошкиот систем. Во основа, ја обезбедува нормалната состојба на мукозните мембрани, вклучен е во формирањето на црвените крвни зрнца и метаболизмот на јаглехидратите, најефикасниот извор на енергија за организмот. Покрај тоа, витаминот Б1 (тиамин) ја оптимизира когнитивната и менталната активност. Тој има позитивен ефект врз енергијата, растот, нормалниот апетит, способноста за учење и е неопходен за одрживање на мускулниот тонус на цревата, желудникот и срцето.

  • Витамин Б2

Неопходен е за формирање на еритроцити, антитела, за регулирање на растот и репродуктивните функции во телото, неопходно е за здравјето на кожата, ноктите, растот на косата и воопшто за здравјето на целиот организам, вклучително и тироидната жлезда. Помага за апсорпција на железото, со што се спречува развој на анемија.

  • Витамин Б6

Пиридоксин (витамин Б6) има големо влијание врз физичкото и менталното здравје. Потребен е за нормално функционирање на нервниот систем и мозокот, за синтеза на нуклеински киселини.

  • Омега-3

Ја намалува содржината на холестерол во телото, триглицеридите и липопротеините со мала густина, го спречува развојот на атеросклероза, кардиоваскуларни и ревматски заболувања, тромбоза и ги нормализира метаболичките процеси.

Shopping Cart