Се препорачува при:
- намалена функцијата на црниот дроб;
- хронични интоксикации;
- цироза на црниот дроб;
- панкреатитис;
- метаболичко нарушување;
- холециститис.
Состав на прозиводот: капсула (хидроксипропил метилцелулоза), геланска гума (стабилизатор), микрокристална целулоза (МСС), ектракт од сладунец (licorice root extract) омега-3 масни киселини (алфа-липоична киселина, содржи сорбитол и малтодекстрин), екстракт од артичока, лактоза (филер), екстракт од лист од јагода, екстракт од лист од плантаин, калциум соли на масни киселини (калциум стеарат), пептиден комплекс АА-11 (тетрапептид составен од лисин, глутаминска киселина, аспарагинска киселина и триптофан), пептиден комплекс АА-10 (трипептид составен од глутаминска киселина, аспарагинска киселина и леуцин), силикон диоксид (средство против стврднување), пептиден комплекс АА-15 (трипептид составен од глутаминска киселина, аспарагинска киселина и глицин).
Начин на употреба: возрасни 1 капсула на ден за време на оброците. Времетраење на употребата е 4-6 недели. Доколку е потребно, конзумацијата може да се повтори. Може да се конзумира повеќе пати во годината.
Опис на дејствата на производот:
- Пептид од црн дроб (пептиден комплекс АА-10)
Стимулира регенерација на ткивото на црниот дроб преку воспоставување синтеза на специфилните белковини и нормализирање на работата на клетките на црниот дроб.
- Пептид од панкреас (пептиден комплекс АА-11)
Придонесува за нормализација на метаболизмот на јаглените хидрати кај зголемена толеранција на глукоза и дијабет тип 2, ја подобрува синтезата на дигестивните ензими во клетките на панкреасот, придонесува за нормализација на процесот на варење на храната (ја намалува надуеноста, чувството на тежина во стомакот и другите симптоми на егзокрина инсуфициенција).
- Пептид од бели дробови и желудечен ѕид (пептиден комплекс АА-15)
Ја обновува функцијата на способноста на белите дробови и бронхиите кај акутните и хроничните заболувања на дишните органи од инфективно и неинфективно потекло, како и работата на дишните органи кај постари лица. Воочен е и силен гастропротективен ефект во вид на антимикробно дејствување на Helicobacter pylori, кое може да се спореди со дејство на антибиотик, што пак го намалува ризикот од појава на чир на желудник, а во случај кога чирот веќе постои ги забрзува регенеративните процеси и целосното лекување на чирот.
- Екстракт од сладунец
Содржи широк спектар на состојки корисни за човековиот организам. Сладунецот содржи 27 флавоноиди кои имаат повеќекратно дејство врз организмот – спазмолитичко, антиинфламаторно и придонесува за зараснување на раните.
- Екстракт од артичока
Тој е моќен хепатопротектор. Содржи активни супстанции кои ги штитат клетките на црниот дроб од ефектите на токсините (вклучувајќи нитро соединенија, алкалоиди, тешки метали, алкохол). Го помага варењето, го спречува развојот на холециститис, ја намалува надуеноста и ја нормализира активноста на цревата. Екстрактот од артичока има диуретично дејство, го намалува нивото на азотни соединенија во крвта.
- Екстракт од листови од јагода
Има многу силни антиоксидантни својства и вазодилатативно дејство, извор е на елагична киселина, која има антитуморни својства. Се користи за намалување на холестеролот и зајакнување на ѕидовите на крвните садови.
- Екстракт од лист од плантаин
Листовите на плантаин се користат како помош при бронхитис, голема кашлица, астма, туберкулоза. Сокот од свежите лисја од плантаин исто така се ефикасни при хроничен гастритис, чир на желудникот и дуоденален улкус со нормална или ниска киселост на желудечниот сок.
- Омега-3
Ја намалува содржината на холестерол во телото, триглицеридите и липопротеините со мала густина, го спречува развојот на атеросклероза, кардиоваскуларни и ревматски заболувања, тромбоза и ги нормализира метаболичките процеси.