Reviline козметика

Уникатната пептидна серија на клеточна козметика Reveline® е создадена во соработка со Институтот за биорегулација и геронтологија во Санкт Петербург и Хемиското и биолошко здружение при Руската академија на науките и е од најдобрите меѓу производите за нега на кожа со изразен антиефект на стареење. Ревилајн козметиката се состои од природни пептиди од црн дроб, тимус, крвни садови… Овие пептиди имаат голем ефект против стареењето на кожата поради тоа што го стимулираат процесот на обновување на клетките, микроциркулацијата, хидратацијата на кожата и ја подобруваат текстурата и бојата на кожата. Покрај природните пептиди, во козметиката има и антиоксиданти – комплекси Neovitin®, Betaluvit®, Aktevitin®, кои се откриени како резултат на биотехнологијата. Овие комплекси имаат имунолошки фактор, УВ-заштита, ја забрзуваат детоксикацијата и процесот на регенерација на клетките на кожата. Сите креми се дизајнирани со помош на најновите иновации во светот на козметологијата и нивните компоненти се внимателно избрани и тестирани, односно секоја крема има поминато задолжителна дерматолошка проверка. Козметиката Ревилајн се произведува според европски стандарди и има сертификати за контрола на квалитетот според ISO и GMP. Овие креми се најефикасни средства за зачувување на младоста и здравата кожа.

Се прикажуваат сите 12 резултати

Shopping Cart