Revilab SL-10 female body (за жени)

2 050ден

Revilab SL-10
Пакување: 10мл.
Наменето за: женскиот репродуктивен систем.
*Содржи пептиди од епифиза, од васкуларен ѕид и од мочен меур.

Availability: На залиха

Се препорачува за:

  • нормализација на работата на невроендокриниот систем;
  • нормализација на сите циклични процеси во организмот;
  • синхронизација на биолошкиот часовник;
  • нормализација на работата на репродуктивниот систем и подобрување на плодноста;
  • одложување и ублажување на симптомите од климаксот;
  • превенција на туморски заболувања;
  • зголемен артериски притисок, артериосклероза, ангиопатија;
  • превенција на пореметувања кај уринарниот тракт, особено во период на климакс и кај постари лица.

Состав на прозиводот: прочистена вода, кислитол, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, таксифолин, натриум сахарин, калиум сорбат, натриум бензоат, природен вкус „ментол“, еугенол, лимонен, миристамидопропалкониум хлорид, пептидни комплекси АА-1, АА-7, АА-13, екстракти од сладунец, екстракти од прополис, екстракти од нане, екстракти од камилица, есенцијални масла од портокал и од каранфилче.

Начин на употреба: Наутро и навечер се нанесуваат 5-10 капки по слузницата во усната празнина. Можна е појава на талог. Пред употреба да се протресе. Траењето на едно пакување е предвидено за еден месец. Доколку е потребно, можно е да се продолжи со употреба на производот во текот на годината.

Опис на дејствата на производот:

  • Пептид од епифиза (пептиден комплекс АА-1)

Има селективно дејство врз клетките на невроендокриниот систем, го нормализира метаболизмот во клетките на епифизата и лачењето на мелатонинот, го регулира хормонскиот метаболизам, ја регулира работата на епифизата и организмот во целина.

  • пептид од васкуларен ѕид (пептиден комплекс АА-7)

Ги регулира метаболичките процеси на васкуларниот ѕид. Придонесува за подобрување на еластичноста на артериите, вените и лимфните садови. Го намалува ризикот од оштетување на васкуларниот ѕид, излевање на крвта и формирање тормбови. Ја подобрува снабденоста на органите и ткивата со крв.

  • Пептид од мочен меур (пептиден комплекс АА-13)

Го нормализира мокрењето, го обновува метаболизмот во клетките на ѕдиор на мочниот меур, го стмулира мускулниот тонус на детузорот и сфинктерот.

  • Екстракт од сладунец

Содржи широк спектар на состојки корисни за човековиот организам. Сладунецот содржи 27 флавоноиди кои имаат повеќекратно дејство врз организмот – спазмолитичко, антиинфламаторно и придонесува за зараснување на раните.

  • Екстракт од прополис

Ги убива бактериите и вирусите, ја спречува нивната активност, а кај некои го успорува и нивниот развој. Прополисот помага кај заболувањата на усната празнина предизвикани од различни инфекции со херпетично, габично и бактериско потекло.

  • Екстракт од нане

Содржи есенцијално масло, флавоноиди и танини – основни компоненти на оваа билка. Најважна компонента на есецијалнлото масло е ментолот (до 60%), благ локален анестетик.

  • Екстракт од камилица

Има силно бактерицидно, противвоспалително и смирувачко дејство, стимулира циркулација. Благодарение на своите својства камилицата е незаменливо средство во лечењето различни воспалителни процеси.

  • Есенцијално масло од портокал

Се користи за нега на усната празнина. Помага кај воспаленија и крварења на усната празнина, лекува воспаленија на слузницата на усната празнина и помага кај пародентозата.

  • Есенцијално масло од каранфилче

Поседува антивирусни и антибактериски својства. Придонесува за побрзо лекување на оштетувања во усната празнина.

Shopping Cart