Се препорачува за:
- анемија од различно потекло;
- пореметувања на хематопоезата;
- комплексно лечење на онколошки пациенти;
- проширени вени;
- повишен артериски притисок;
- трофички чирови;
- тромбофлебитис;
- артериосклероза;
- ангиопатски заболувања;
- јакнење на имунитетот;
- гнојни воспаленија, постоперативни компликации и трофички пореметувања.
Состав на прозиводот: прочистена вода, кислитол, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, таксифолин, натриум сахарин, калиум сорбат, натриум бензоат, природен вкус „ментол“, еугенол, лимонен, миристамидопропалкониум хлорид, пептидни комплекси АА-3, АА-4, АА-7, фолна киселина (витамин В9), цианокобаламин (витамин В12), екстракти од сладунец, екстракти од прополис, екстракти од нане, екстракти од камилица, есенцијални масла од портокал и од каранфилче.
Начин на употреба: Наутро и навечер се нанесуваат 5-10 капки по слузницата во усната празнина. Можна е појава на талог. Пред употреба да се протресе. Траењето на едно пакување е предвидено за еден месец. Доколку е потребно, можно е да се продолжи со употреба на производот во текот на годината.
Опис на дејствата на производот:
- Пептид од Б-компонентата на имунолошкиот систем (пептиден комплекс АА-3)
Влијае врз реакцијата на клеточниот, хуморален имунитет и врз неспецифичната резистентност на организмот. Ги стимулира успорените процеси на регенерација, го подобрува клеточниот метаболизам.
- Пептид од коскена срж (пептиден комплекс АА-4)
Ја обновува хематопоезата, има антианемиско дејство, стимулира регенерација на ткива, стимулира синтеза на специфични белковини, пролиферативна и метаболичка клеточна активност, го забрзува зараснувањето на раните, ги активира клетките на сврзувачкото ткиво, ендотелата, макрофагите и леукоцитите во зоните на повреда, поседува антиоксидативни, имуностимулативни и антистресни својства.
- Пептид од васкуларен ѕид (пептиден комплекс АА-7)
Ги регулира метаболитичките процеси во васкуларниот ѕид. Придонесува за подобрување на еластичноста на артериите, вените и лимфните садови. Го намалува ризикот од оштетувања на васкуларниот ѕид, излевање на крвта и формирање тромбови. Ја подобрува снабденоста на органите и ткивата со крв.
- Фолна киселина (витамин В9)
Учествува во метаболизмот и синтезата на некои аминокиселини, во синтезата на нуклеинските киселини, ја подобрува хематопоетската функција на коскената срж, го стимулира примањето на витаминот В12.
- Цианокобаламин (витамин В12)
Активно учествува во размена на хранливите материи, неопходен е за синтеза на холинот, елемент кој е важен за стабилноста на нервниот систем и кој спречува развој на мрсен црн дроб. Учествува во хематопоезата, помага во стабилизирање на притисокот.
- Екстракт од сладунец
Содржи широк спектар на состојки корисни за човековиот организам. Сладунецот содржи 27 флавоноиди кои имаат повеќекратно дејство врз организмот – спазмолитичко, антиинфламаторно и придонесува за зараснување на раните.
- Екстракт од прополис
Ги убива бактериите и вирусите, ја спречува нивната активност, а кај некои го успорува и нивниот развој. Прополисот помага кај заболувањата на усната празнина предизвикани од различни инфекции со херпетично, габично и бактериско потекло.
- Екстракт од нане
Содржи есенцијално масло, флавоноиди и танини – основни компоненти на оваа билка. Најважна компонента на есецијалнлото масло е ментолот (до 60%), благ локален анестетик.
- Екстракт од камилица
Има силно бактерицидно, противвоспалително и смирувачко дејство, стимулира циркулација. Благодарение на своите својства камилицата е незаменливо средство во лечењето различни воспалителни процеси.
- Есенцијално масло од портокал
Се користи за нега на усната празнина. Помага кај воспаленија и крварења на усната празнина, лекува воспаленија на слузницата на усната празнина и помага кај пародентозата.
- Есенцијално масло од каранфилче
Поседува антивирусни и антибактериски својства. Придонесува за побрзо лекување на оштетувања во усната празнина.