Sale!

Revilab SL-06 respiratory system (респираторен систем)

1 750ден

Revilab SL-06
Пакување: 10мл.
Наменето за: респираторен систем.
*Содржи пептиди од Б-компоненти на имунолошкиот систем, од бронхии, од бели дробови и желудечен ѕид.
Рок на траење: мај 2024.

Availability: На залиха

Се препорачува за:

  • хроничен бронхитис;
  • емфизем на белите дробови;
  • алергии на дишните органи;
  • бронхијална астма;
  • превенција на прерано стареење.

Состав на прозиводот: прочистена вода, кислитол, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, таксифолин, натриум сахарин, калиум сорбат, натриум бензоат, природен вкус „ментол“, еугенол, лимонен, миристамидопропалкониум хлорид, пептидни комплекси АА-3, АА-14, АА-15, екстракти од сладунец, екстракти од прополис, екстракти од нане, екстракти од камилица, есенцијални масла од портокал и од каранфилче.

Начин на употреба: Наутро и навечер се нанесуваат 5-10 капки по слузницата во усната празнина. Можна е појава на талог. Пред употреба да се протресе. Траењето на едно пакување е предвидено за еден месец. Доколку е потребно, можно е да се продолжи со употреба на производот во текот на годината.

Опис на дејствата на производот:

  • Пептид од Б-компонентата на имунолошкиот систем (пептиден комплекс АА-3)

Влијае врз реакцијата на клеточниот, хуморален имунитет и врз неспецифичната резистентност на организмот. Ги стимулира успорените процеси на регенерација, го подобрува клеточниот метаболизам.

  • Пептид од бронхии (пептиден комплекс АА-14)

Ја намалува зачестеноста на напади со кашлање, ги отстранува симптомите на бронхоспазма, го смирува искашлувањето.

  • Пептид од бели дробови и ѕид на желудник (пептиден комплекс АА-15)

Ја обновува функцијата на способноста на белите дробови и бронхиите кај акутните и хроничните заболувања на дишните органи од инфективно и неинфективно потекло, како и работата на дишните органи кај постари лица. Воочен е и силен гастропротективен ефект во вид на антимикробно дејствување на Helicobacter pylori, кое може да се спореди со дејство на антибиотик, што пак го намалува ризикот од појава на чир на желудник, а во случај кога чирот веќе постои ги забрзува регенеративните процеси и целосното лекување на чирот.

  • Екстракт од сладунец

Содржи широк спектар на состојки корисни за човековиот организам. Сладунецот содржи 27 флавоноиди кои имаат повеќекратно дејство врз организмот – спазмолитичко, антиинфламаторно и придонесува за зараснување на раните.

  • Екстракт од прополис

Ги убива бактериите и вирусите, ја спречува нивната активност, а кај некои го успорува и нивниот развој. Прополисот помага кај заболувањата на усната празнина предизвикани од различни инфекции со херпетично, габично и бактериско потекло.

  • Екстракт од нане

Содржи есенцијално масло, флавоноиди и танини – основни компоненти на оваа билка. Најважна компонента на есецијалнлото масло е ментолот (до 60%), благ локален анестетик.

  • Екстракт од камилица

Има силно бактерицидно, противвоспалително и смирувачко дејство, стимулира циркулација. Благодарение на своите својства камилицата е незаменливо средство во лечењето различни воспалителни процеси.

  • Есенцијално масло од портокал

Се користи за нега на усната празнина. Помага кај воспаленија и крварења на усната празнина, лекува воспаленија на слузницата на усната празнина и помага кај пародентозата.

  • Есенцијално масло од каранфилче

Поседува антивирусни и антибактериски својства. Придонесува за побрзо лекување на оштетувања во усната празнина.

Shopping Cart