Се препорачува за:
- артроза и артритис;
- реума;
- остеохондроза;
- остеопороза;
- гихт;
- рехабилитација по повреда.
Состав на прозиводот: прочистена вода, кислитол, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, таксифолин, натриум сахарин, калиум сорбат, натриум бензоат, природен вкус „ментол“, еугенол, лимонен, миристамидопропалкониум хлорид, пептидни комплекси АА-17, АА-9, АА-3, екстракти од сладунец, екстракти од прополис, екстракти од нане, екстракти од камилица, есенцијални масла од портокал и од каранфилче.
Начин на употреба: Наутро и навечер се нанесуваат 5-10 капки по слузницата во усната празнина. Можна е појава на талог. Пред употреба да се протресе. Траењето на едно пакување е предвидено за еден месец. Доколку е потребно, можно е да се продолжи со употреба на производот во текот на годината.
Опис на дејствата на производот:
- Пептид од Б-компонентата на имунолошкиот систем (пептиден комплекс АА-3)
Влијае врз реакцијата на клеточниот, хуморален имунитет и врз неспецифичната резистентност на организмот. Ги стимулира успорените процеси на регенерација, го
подобрува клеточниот метаболизам.
- Пептид од ’рскавично ткиво (пептиден комплекс АА-9)
Го нормализира метаболизмот во коскеното и ’рскавично ткиво.
- Пептид од мускулно ткиво (пептиден комплекс АА-17)
Поседува својства на силен антиоксидант: ги штити клетките на организмот од дејство на токсини, слободни радикали и тешки метали кои предизвикуваат клеточна
оксидација. Ја стимулира функционалноста на мускулите, помага при уморот, ја обновува мускулната контрактилност.
- Екстракт од сладунец
Содржи широк спектар на состојки корисни за човековиот организам. Сладунецот содржи 27 флавоноиди кои имаат повеќекратно дејство врз организмот – спазмолитичко, антиинфламаторно и придонесува за зараснување на раните.
- Екстракт од прополис
Ги убива бактериите и вирусите, ја спречува нивната активност, а кај некои го успорува и нивниот развој. Прополисот помага кај заболувањата на усната празнина предизвикани од различни инфекции со херпетично, габично и бактериско потекло.
- Екстракт од нане
Содржи есенцијално масло, флавоноиди и танини – основни компоненти на оваа билка. Најважна компонента на есецијалнлото масло е ментолот (до 60%), благ локален анестетик.
- Екстракт од камилица
Има силно бактерицидно, противвоспалително и смирувачко дејство, стимулира циркулација. Благодарение на своите својства камилицата е незаменливо средство во лечењето различни воспалителни процеси.
- Есенцијално масло од портокал
Се користи за нега на усната празнина. Помага кај воспаленија и крварења на усната празнина, лекува воспаленија на слузницата на усната празнина и помага кај пародентозата.
- Есенцијално масло од каранфилче
Поседува антивирусни и антибактериски својства. Придонесува за побрзо лекување на оштетувања во усната празнина.