Се препорачува за:
- воспалителни и дегенеративни заболувања на нервниот систем;
- превенција на очни заболувања и заморување на очите;
- заболувања на мрежницата и рожницата;
- акутни пореметувања на мозочната циркулација (превенција и рехабилитација);
- рехабилитација по повреди на главата.
Состав на прозиводот: прочистена вода, кислитол, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, таксифолин, натриум сахарин, калиум сорбат, натриум бензоат, природен вкус „ментол“, еугенол, лимонен, миристамидопропалкониум хлорид, пептидни комплекси АА-7, АА-5, АА-6, екстракти од сладунец, екстракти од прополис, екстракти од нане, екстракти од камилица, есенцијални масла од портокал и од каранфилче.
Начин на употреба: Наутро и навечер се нанесуваат 5-10 капки по слузницата во усната празнина. Можна е појава на талог. Пред употреба да се протресе. Траењето на едно пакување е предвидено за еден месец. Доколку е потребно, можно е да се продолжи со употреба на производот во текот на годината.
Опис на дејствата на производот:
- Пептид од васкуларен ѕид (пептиден комплекс АА-7)
Ги регулира метаболичките процеси на васкуларниот ѕид. Придонесува за подобрување на еластичноста на артериите, вените и лимфните садови. Го намалува ризикот од оштетување на васкуларниот ѕид, излевање на крвта и формирање тормбови. Ја подобрува снабденоста на органите и ткивата со крв.
- Пептид од мозочно ткиво (пептиден комплекс АА-5)
Стимулира регенерација на неврони на централниот нервен систем. Има селективно дејство врз различни клетки од нервното и мозочното ткиво, го нормализира клеточниот метаболизам и ја регулира клеточната функционалност, го поттикнува функционирањето на централниот нервен систем.
- Пептид од очна мрежница (пептиден комплекс АА-6)
Има симулативно дејство на фоторецептори и клеточни елементи на мрежницата, придонесува за подобрување на функционирањето на интеракцијата на пигментниот епител и надворешните сегменти на фоторецепторите, на глијалните клетки кај дистрофичните промени, го забрзува обновувањето чувствителноста на мрежницата на светлина. Ја нормализира васкуларната пермеабилност, ги смирува симптомите на локална воспалителна реакција, ги стимулира репаративните процеси кај заболувањата и повредите на мрежницата.
- Екстракт од сладунец
Содржи широк спектар на состојки корисни за човековиот организам. Сладунецот содржи 27 флавоноиди кои имаат повеќекратно дејство врз организмот – спазмолитичко, антиинфламаторно и придонесува за зараснување на раните.
- Екстракт од прополис
Ги убива бактериите и вирусите, ја спречува нивната активност, а кај некои го спорува и нивниот развој. Прополисот помага кај заболувањата на усната празнина предизвикани од различни инфекции со херпетично, габично и бактериско потекло.
- Екстракт од нане
Содржи есенцијално масло, флавоноиди и танини – основни компоненти на оваа билка. Најважна компонента на есецијалнлото масло е ментолот (до 60%), благ локален анестетик.
- Екстракт од камилица
Има силно бактерицидно, противвоспалително и смирувачко дејство, стимулира циркулација. Благодарение на своите својства камилицата е незаменливо средство во лечењето различни воспалителни процеси.
- Есенцијално масло од портокал
Се користи за нега на усната празнина. Помага кај воспаленија и крварења на усната празнина, лекува воспаленија на слузницата на усната празнина и помага кај пародентозата.
- Есенцијално масло од каранфилче
Поседува антивирусни и антибактериски својства. Придонесува за побрзо лекување на оштетувања во усната празнина.