Anti-aging leg cream RN11 (Крема за проширени вени на нозете)

1 250ден

Производ: Крема за проширени вени на нозете, RN11
Величина: 50мл
Наменето: за проширени вени и болки во нозете
Содржи: пептиди од крвни садови и од ’рскавица.
Рок на траење: април 2023

Нема на залиха

Категорија Ознаки: , ,

Се препорачува за:

  • успорување на процесот на стареење на кожата;
  • подобрување на микроструктурата на кожата и метаболизмот;
  • подобрување на текстурата на кожата;
  • намалување на тежината, отокот и болката во нозете;
  • намалување на проширените вени;
  • превенција во спречувањето на проширување на вените;
  • силно антиоксидативно дејство.

Состав: Дестилирана вода, пептидни комплекси А-3, А-4,рицинусово масло, био-антиоксидативен комплекс „Неовитин“®, емулзивен восок, глицерин моностеарат, бис-диглицерил полиациладипат-2, циклометикон, диметикон, екстракт од американска леска, екстракт од див костен, сребрен цитрат, феноксиетанол со етилхексилглицерин, метилхлороизотиазолинон, метилизотиазолинон, ментол, ЕДТА, триетаноламин, парфемски состав.

Начин на употерба: Нанесете мало количество од кремата на чиста кожа на нозете и тријте ја со масажни движења додека кремата целосно не се апсорбира.

Опис на состојките:

  • Пептид од крвни садови (пептиден комплекс А-3)

Има изразен ангиопротективен ефект, ја подобрува микроциркулацијата на крвта и ја нормализира исхраната на клетките со обновување на метаболизмот во васкуларниот ѕид, зголемувајќи ја неговата еластичност и пропустливост. Пептидот од крвни садови ја нормализира не само состојбата на васкуларниот ѕид низ телото, туку и што е најважно, микроциркулацијата на голем број органи. Ја нормализира пропустливоста на клеточниот ѕид, ја обновува трофичноста на ткивото на органите и клеточниот метаболизам.

  • Пептид од ’рскавица (пептиден комплекс А-4)

Има биолошка активност, која се манифестира со нормализирање на метаболизмот во коскените и ’рскавичните ткива, промовира регенерација на зглобовите и сврзните ткива во рамките на кожата.

  • Сребрен цитрат (нова технологија со користење сребро)

Сребрениот цитрат е ефикасен сребрен антимикробен лек, а неговото нанесување е безбедно за здравјето на луѓето. Различни техники засновани врз употребата на среброто се успешно користени во медицината и во други (технички) области. Употребата на среброто во козметиката досега не била успешна поради ограничената компатибилност и стабилност на достапните производи на пазарот базирани на сребро во козметичките производи, што резултирало со талог, обезбојување и намалена ефикасност.Механизам на дејство на компонентите се сребрените јони TINOSAN®SDC. Сребрените јони реагираат со нуклеофилните групи на аминокиселините и протеините, ензимите и мембранските компоненти (како што се сулфогидрил-, амино, имидазол, фосфатни и карбоксилни групи).

  • Неовитин®

Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® потекнува од оригиналната технологија на култивираните соеви на биотехнолошкиот метод од биомасата од женшен. Новата технологија овозможува постигнување на најкомплетна екстракција на комплексот без губење на неговата антиоксидантна активност. Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® е антиинфламаторен и има имунолошки стимулирачки ефекти. Синергетскиот ефект на активните компоненти на комплексот доведува до производство на антиоксидантни ензими во телото и интерферон, кои ја инхибираат реакцијата на оксидација (уништување) на пероксидот на липидните клеточни мембрани на крвните садови, додека ги зајакнуваат, а со тоа ја зголемуваат отпорноста на телото. Неовитинот® го контролира формирањето и доведува до физиолошко формирање на главните поттикнувачи на предвременото стареење ‒ слободните радикали, кои се развиваат во текот на животот во човечкиот организам. Тој е исто така главниот агенс за неутрализирање на слободните радикали. Комплексот е стабилен за време на периодот на складирање и има висока, продирачка способност низ епидермисот, дермисот и мукозната мембрана. Докажано е дека Неовитинот® има антиинфламаторно и регенеративно дејство, што резултира со најширока примена во производите против стареењето на кожата, здравствената нега и оралната нега. Уникатните својства на Неовитинот® се потврдени со единаесет патенти и наградени со златни медали РАНС со името на II Мечников „за практичен придонес за подобрување на здравјето на нацијата“ и Пол Ерлих од Европската комисија за академски награди „за извонредни достигнувања во полето на социјалната и предиктивната медицина“.

  • Екстракт од американска леска

Американската леска (Hamamelis) е род листопадни грмушки од фамилијата hamamelidaceae (Hamamelidaceae). Плодовите на американската леска содржат висок процент на етерично масло и се користат во медицината и парфемската индустрија. Американската леска има многу вредни лековити својства. Листовите на леската се богати со флавоноиди, како и со посебна група на супстанции – танини. Танините имаат изразени адстрингентни својства и антибактериско дејство. Во составот на козметичките производи, американската леска го омекнува површинскиот слој на кожата, промовира контракција на проширените пори поради антибактериските својства, спречува воспаление. Оваа леска често се препорачува и за кожа која е склона кон маснотии, воспаленија.Помага да се исцеди течноста од големите садови и да се зајакнат васкуларните ѕидови, па помага и во спречување на проширени вени. Американската леска има адстрингентно и антиинфламаторно дејство, го запира малото крварење. Таа влијае врз обвивката на вените што предизвикува релаксација на венскиот ѕид, проследено со стагнација на крв. Се користи и противпукање на капиларите и венска инсуфициенција. Клиничките студии покажале голема ефикасност на американската леска за лекување на проширени вени, хемороиди, дисменореја, крварење.

  • Екстракт од див костен

Најдоброто и најдокажаното средство во хербалната медицина за проширени вени, кое долго време се користи и во класичната медицина, е дивиот костен (Aesculus hyppocastanum). Многу експерименти покажале дека лековите од костен ги поседуваат сите својства потребни за третман на проширени вени. Костенот го зајакнува венскиот ѕид, ги отстранува воспаленијата, ја разредува крвта, намалувајќи ја нејзината активност на коагулација. Експериментитепотврдиле и дека од сите традиционални водени или алкохолни екстракти од растенија, костенот е многу поефикасен (неколку пати повеќе).Плодовите на костенот имаат 25 флавоноиди, сапонини, естил, пурински бази, витамин Е, витамини од групата Б, танини, скроб, масно масло, стероли.Главниот ефект на костенот е да се зголеми отпорноста на крвните садови. Затоа, во народната медицина, костенот се користи првенствено за проширени вени, тромбофлебитис, спречување на тромбоза, посттрауматски лезии на вените, васкуларен спазам, зајакнување на ѕидовите на капиларите и вените итн.

Shopping Cart