Се препорачува за:
- успорување на процесот на стареење на кожата;
- долготрајна хидратација на кожата;
- хранење и заштита на кожата на рацете;
- подобрување на текстурата на кожата;
- зголемување на отпорноста на кожата при изложување на сонце или на студ;
- силно антиоксидантно дејство;
- стимулација и обновување на клетките;
- ефект на подигање на кожата.
Состав: Прочистена вода, пептидни комплекси А-3, А-4,А-6,етилхексил кокоат, циклометикон, глицерин, био-антиоксидативни комплекс „Неовитин“®, сорбитанизостеарат, хидрогенизовано рицинусово уље, церезин, пчелин восок, ши путер, пантенол, ПЕГ-30 диполихидроксистеарат, феноксиетанол, етилцетанол, бикарбонат, етилхексил-хексил, витамин магнезијум сулфат, ЕДТА, парфем.
Начин на употерба: Нанесете мало количество од кремата на рацете и тријте ги со масажни движења додека кремата целосно не се апсорбира.
Опис на состојките:
- Пептид од крвни садови (пептиден комплекс А-3)
Има изразен ангиопротективен ефект, ја подобрува микроциркулацијата на крвта и ја нормализира исхраната на клетките со обновување на метаболизмот во васкуларниот ѕид, зголемувајќи ја неговата еластичност и пропустливост. Пептидот од крвни садови ја нормализира не само состојбата на васкуларниот ѕид низ телото, туку и што е најважно, микроциркулацијата на голем број органи. Ја нормализира пропустливоста на клеточниот ѕид, ја обновува трофичноста на ткивото на органите и клеточниот метаболизам.
- Пептид од ’рскавица (пептиден комплекс А-4)
Има биолошка активност, која се манифестира со нормализирање на метаболизмот во коскените и ’рскавичните ткива, промовира регенерација на зглобовите и сврзните ткива во рамките на кожата.
- Пептид од тимус (пептиден комплекс А-6)
Ја активира клеточната врска на имунолошкиот систем и целосно го опфаќа целиот процес на имунолошкиот одговор, обновувајќи и нормализирајќи ја имунокомпетентната клеточна интеракција, синтезата на антителата и целиот имунолошки одговор. Има регулаторно дејство врз клетките на тимусот, го забрзува созревањето на различни популации на Т-лимфоцити, го изедначува односот на Т- и Б-лимфоцитите, го нормализира имунолошкиот одговор, има онкопротективно дејство.
- Сребрен цитрат (нова технологија со користење сребро)
Сребрениот цитрат е ефикасен сребрен антимикробен лек, а неговото нанесување е безбедно за здравјето на луѓето. Различни техники засновани врз употребата на среброто се успешно користени во медицината и во други (технички) области. Употребата на среброто во козметиката досега не била успешна поради ограничената компатибилност и стабилност на достапните производи на пазарот базирани на сребро во козметичките производи, што резултирало со талог, обезбојување и намалена ефикасност.Механизам на дејство на компонентите се сребрените јони TINOSAN®SDC. Сребрените јони реагираат со нуклеофилните групи на аминокиселините и протеините, ензимите и мембранските компоненти (како што се сулфогидрил-, амино, имидазол, фосфатни и карбоксилни групи).
- Неовитин®
Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® потекнува од оригиналната технологија на култивираните соеви на биотехнолошкиот метод од биомасата од женшен. Новата технологија овозможува постигнување на најкомплетна екстракција на комплексот без губење на неговата антиоксидантна активност. Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® е антиинфламаторен и има имунолошки стимулирачки ефекти. Синергетскиот ефект на активните компоненти на комплексот доведува до производство на антиоксидантни ензими во телото и интерферон, кои ја инхибираат реакцијата на оксидација (уништување) на пероксидот на липидните клеточни мембрани на крвните садови, додека ги зајакнуваат, а со тоа ја зголемуваат отпорноста на телото. Неовитинот® го контролира формирањето и доведува до физиолошко формирање на главните поттикнувачи на предвременото стареење ‒ слободните радикали, кои се развиваат во текот на животот во човечкиот организам. Тој е исто така главниот агенс за неутрализирање на слободните радикали. Комплексот е стабилен за време на периодот на складирање и има висока, продирачка способност низ епидермисот, дермисот и мукозната мембрана. Докажано е дека Неовитинот® има антиинфламаторно и регенеративно дејство, што резултира со најширока примена во производите против стареењето на кожата, здравствената нега и оралната нега. Уникатните својства на Неовитинот® се потврдени со единаесет патенти и наградени со златни медали РАНС со името на II Мечников „за практичен придонес за подобрување на здравјето на нацијата“ и Пол Ерлих од Европската комисија за академски награди „за извонредни достигнувања во полето на социјалната и предиктивната медицина“.