Се препорачува за:
- успорување на процесот на стареење на кожата;
- епителизација на оштетените ткива;
- подобрување на микроциркулацијата во кожата;
- намалување на стриите и лузните;
- хранење, навлажнување и тонизирање на кожата;
- стимулација на обновувањето на кожата и зголемување на способноста за регенерација;
- силно антиоксидантно дејство;
- согорување на мастите;
- подигање и затегнување на кожата.
Состав: Прочистена вода, пептиден комплексА-4,маслиново масло, био-антиоксидативен комплекс Неовитин®, сорбитол, масло од соја, етилхексил кокоат, пропилен гликол, стеарт-21, стеарт-2, PPG/PEG-4/14 диметикон, глицерин, екстракт од тиква, стеарин, восочна емулзија, феноксиетанол етилхексилглицерин, какао путер, инулин лаурил карбамат, сребрен цитрат, ксантанска гума, триетаноламин, кополимер на акрилати и C10-30 алкил, парфем.
Начин на употерба: Нанесете од кремата со нежни масажни движења на чиста кожа.
Опис на состојките:
- Пептид од ’рскавица (пептиден комплекс А-4)
Има биолошка активност, која се манифестира со нормализирање на метаболизмот во коскените и ’рскавичните ткива, промовира регенерација на зглобовите и сврзните ткива во рамките на кожата.
- Сребрен цитрат (нова технологија со користење сребро)
Сребрениот цитрат е ефикасен сребрен антимикробен лек, а неговото нанесување е безбедно за здравјето на луѓето. Различни техники засновани врз употребата на среброто се успешно користени во медицината и во други (технички) области. Употребата на среброто во козметиката досега не била успешна поради ограничената компатибилност и стабилност на достапните производи на пазарот базирани на сребро во козметичките производи, што резултирало со талог, обезбојување и намалена ефикасност.Механизам на дејство на компонентите се сребрените јони TINOSAN®SDC. Сребрените јони реагираат со нуклеофилните групи на аминокиселините и протеините, ензимите и мембранските компоненти (како што се сулфогидрил-, амино, имидазол, фосфатни и карбоксилни групи).
- Неовитин®
Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® потекнува од оригиналната технологија на култивираните соеви на биотехнолошкиот метод од биомасата од женшен. Новата технологија овозможува постигнување на најкомплетна екстракција на комплексот без губење на неговата антиоксидантна активност. Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® е антиинфламаторен и има имунолошки стимулирачки ефекти. Синергетскиот ефект на активните компоненти на комплексот доведува до производство на антиоксидантни ензими во телото и интерферон, кои ја инхибираат реакцијата на оксидација (уништување) на пероксидот на липидните клеточни мембрани на крвните садови, додека ги зајакнуваат, а со тоа ја зголемуваат отпорноста на телото. Неовитинот® го контролира формирањето и доведува до физиолошко формирање на главните поттикнувачи на предвременото стареење ‒ слободните радикали, кои се развиваат во текот на животот во човечкиот организам. Тој е исто така главниот агенс за неутрализирање на слободните радикали. Комплексот е стабилен за време на периодот на складирање и има висока, продирачка способност низ епидермисот, дермисот и мукозната мембрана. Докажано е дека Неовитинот® има антиинфламаторно и регенеративно дејство, што резултира со најширока примена во производите против стареењето на кожата, здравствената нега и оралната нега. Уникатните својства на Неовитинот® се потврдени со единаесет патенти и наградени со златни медали РАНС со името на II Мечников „за практичен придонес за подобрување на здравјето на нацијата“ и Пол Ерлих од Европската комисија за академски награди „за извонредни достигнувања во полето на социјалната и предиктивната медицина“.
- Екстракт од тиква
Екстрактот од тиква е хидролизирана протеинска фракција добиена од растението Cucurbita pepo (тиква). Оваа активна состојка функционира така што стимулира синтеза на колаген и фибрилин и ја инхибира активноста на ензимите кои придонесуваат за нејзино разградување.