Anti-wrinkle face cream RN01 (против брчки)

1 250ден

Производ: крема против брчки, RN01
Величина: 30мл
Наменето: против стареење на кожата и брчки
Содржи: пептиди од ’рскавица.
Рок на траење: август 2023

Нема на залиха

Категорија Ознаки: , ,

Се препорачува за:

  • подобрување на текстурата на кожата;
  • лифтинг ефект;
  • намалување на обемот на ситни брчки;
  • успорување на процесот на стареење на кожата;
  • подобрување на микроциркулацијата на кожата;
  • спречување на уништувањето на еластичните влакна;
  • ефикасно влажнење и хранење на кожата;
  • активирање на размената на протеини и липиди;
  • регулирање на метаболизмот и обновувањето на клетките;
  • нормализирање на тенот;
  • враќање на цврстината и еластичноста на кожата.

Содржи: Дестилирана вода, пептиден комплекс А-4, сорбитол, каприл-каприк триглицериди, глицерин моностеарат, Hydromoist Plus (ксантанска гума, карагенан, гликоза), масло од јојоба и маслиново масло, био-антиоксидативен комплекс „Неовитин®“, циклометикон, диметикон, емулзивен восок, феноксиетанол со етилхексилглицерин, метилхлороизотиазолинон, метилизотиазолинон, бисаболол, екстракт од сладок бадем, сребрен цитрат, кополимер на акрилати и С10-30 алкил акрилат, лимонска киселина, триетаноламин, парфемски состав.

Начин на употреба: Нанесете од кремата на чиста кожа со нежни масажни движења на лицето, вратот и деколтето.

Опис на состојките:

  • Пептиди од ’рскавица (пептиден комплекс А-4)

Има биолошка активност, која се манифестира со нормализирање на метаболизмот во коскените и ’рскавичните ткива, промовира регенерација на зглобовите и сврзните ткива во рамките на кожата.

  • Екстракт од сладок бадем

Слатките бадеми се едни од најдобрите проверени козметички производи. Бадемите по својата содржаност на растителни протеини го заземаат второто место, по кикириките. Богати се со масти, минерали и вредни есенцијални масла. Слатките бадеми се разликуваат од горчливите по недостатокот на амигдалин, кој служи како носител на типичниот вкус на бадем. Слаткиот бадем, покрај сите овие квалитети, богат е и со витамини Е, Б2, Б3, и претставува природен антиоксиданс кој содржи фосфор, цинк, бакар, железо, калциум, магнезиум. Слаткиот бадем азиските народи долго време сго користат како средство за омекнување и негување на кожата. Одличен е за чистење на кожата и ја ублажува иритацијата.

  • Сребрен цитрат (нова технологија со користење сребро)

Сребрениот цитрат е ефикасен сребрен антимикробен лек, а неговото нанесување е безбедно за здравјето на луѓето. Различни техники засновани врз употребата на среброто се успешно користени во медицината и во други (технички) области. Употребата на среброто во козметиката досега не била успешна поради ограничената компатибилност и стабилност на достапните производи на пазарот базирани на сребро во козметичките производи, што резултирало со талог, обезбојување и намалена ефикасност.Механизам на дејство на компонентите се сребрените јони TINOSAN®SDC. Сребрените јони реагираат со нуклеофилните групи на аминокиселините и протеините, ензимите и мембранските компоненти (како што се сулфогидрил-, амино, имидазол, фосфатни и карбоксилни групи).

  • Неовитин®

Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® потекнува од оригиналната технологија на култивираните соеви на биотехнолошкиот метод од биомасата од женшен. Новата технологија овозможува постигнување на најкомплетна екстракција на комплексот без губење на неговата антиоксидантна активност. Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® е антиинфламаторен и има имунолошки стимулирачки ефекти. Синергетскиот ефект на активните компоненти на комплексот доведува до производство на антиоксидантни ензими во телото и интерферон, кои ја инхибираат реакцијата на оксидација (уништување) на пероксидот на липидните клеточни мембрани на крвните садови, додека ги зајакнуваат, а со тоа ја зголемуваат отпорноста на телото. Неовитинот® го контролира формирањето и доведува до физиолошко формирање на главните поттикнувачи на предвременото стареење ‒ слободните радикали, кои се развиваат во текот на животот во човечкиот организам. Тој е исто така главниот агенс за неутрализирање на слободните радикали. Комплексот е стабилен за време на периодот на складирање и има висока, продирачка способност низ епидермисот, дермисот и мукозната мембрана. Докажано е дека Неовитинот® има антиинфламаторно и регенеративно дејство, што резултира со најширока примена во производите против стареењето на кожата, здравствената нега и оралната нега. Уникатните својства на Неовитинот® се потврдени со единаесет патенти и наградени со златни медали РАНС со името на II Мечников „за практичен придонес за подобрување на здравјето на нацијата“ и Пол Ерлих од Европската комисија за академски награди „за извонредни достигнувања во полето на социјалната и предиктивната медицина“.

Shopping Cart