Пептиден комплекс бр. 17 (органи на видот)

1 560ден

Производ: PC-17
Пакување: 10мл
Наменето за: органи на видот
Содржи пептиди од крвни садови, од мозочно ткиво и од очно јаболко.

Нема на залиха

Категорија Ознаки: ,

Се препорачува за:

  • превенција на прерано стареење;
  • ретинопатија поради хипертензија и дијабетес;
  • дегенерација на ретината;
  • оптичка атрофија;
  • почетна фаза на глауком и катаракта;
  • патологија на леќите;
  • циклоспазам.

Содржи: дестилирана вода, пептидни комплекси А-3, А-5, А-11, глицерин, био-антиоксидантен комплекс Neovitin®, феноксиетанол со етилхексилглицерин, пропилен гликол, ксантанска гума, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, есенцијално масло од камилица, метилхлороизотиазолинол.

Начин на употреба: 6-8 капки се нанесуваат на внатрешниот дел од подлактицата и со масажни движења се трие додека супстанцата потполно не се впие во кожата. Едно шишенце трае месец дена. Препорачана терапија – најмалку три месеца. Истовремено може да се користат до шест пептидни комплески.

Опис на состојките:

  • Пептиди од крвни садови (пептиден комплекс А-3)

Има изразен ангиопротективен ефект, ја подобрува микроциркулацијата на крвта и ја нормализира исхраната на клетките со обновување на метаболизмот во васкуларниот ѕид, зголемувајќи ја неговата еластичност и пропустливост. Овој пептид ја нормализира не само состојбата на васкуларниот ѕид во телото, туку и што е најважно, ја нормализира микроциркулацијата на голем број органи. Ја нормализира пропустливоста на клеточниот ѕид, ја обновува трофичноста на ткивото на органите и клеточниот метаболизам.

  • Пептиди од мозочно ткиво (пептиден комплекс А-5)

Селективно влијае врз клетките на нервното ткиво и мозокот, го нормализира метаболизмот во мозочните клетки и ги регулира нивните функции. Ги стабилизира невронските мембрани, ги нормализира процесите на нервните импулси, отстранувајќи ја емоционалната и менталната ексцитабилност. Има невропротективно дејство, спречувајќи ја деградацијата на невроните и развојот на сенилна деменција.

  • Пептиди од очно јаболко (пептиден комплекс А-11)

Има стимулирачки ефект врз фоторецепторите и клеточните елементи на мрежницата, ги нормализира сите метаболички процеси во мрежницата. Придонесува за подобрување на функционалната интеракција на пигментниот епител и надворешните сегменти на фоторецепторите при дистрофични и дегенеративни процеси.

  • Есенцијално масло од камилица

Есенцијалното масло од камилица во доволна количина содржи супстанции како шамазулен и бисаболол, кои често се користат во производството на детска и хипоалергична козметика. Двете супстанции имаат ефективно седативно, антиинфламаторно и смирувачко дејство. Покрај тоа, составот на маслото од камилица вклучува и различни јаглеводородни соединенија ‒ farnesyl Kadin, terpinenes и др. Етеричното масло од камилица има антибактериски, антиинфламаторни, тонични, аналгетски и заздравувачки својства. Тоа штетно делува врз голем број патогени бактерии, па ефикасно се користи како помош при различни болести, како што се ангина, бронхитис, ларингитис, пневмонија и конјунктивитис. Маслото од камилица го подобрува имунолошкиот систем, го стимулира апетитот и позитивно влијае врз функцијата на гастроинтестиналниот тракт, особено во случај на чир на желудникот и дуоденален улкус. Општо земено, својствата на маслото од камилица во многу аспекти се слични со својствата на маслото од лаванда. Помага да се справите со несоницата, ја ублажува напнатоста и ги стабилизира емоциите. Исто така, маслото од камилица поволно влијае врз работата на мозокот и ја активира меморијата.

  • Неовитин®

Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® потекнува од оригиналната технологија на култивираните соеви на биотехнолошкиот метод од биомасата од женшен. Новата технологија овозможува постигнување на најкомплетна екстракција на комплексот без губење на неговата антиоксидантна активност. Био-антиоксидативниот комплекс Неовитин® е антиинфламаторен и има имунолошки стимулирачки ефекти. Синергетскиот ефект на активните компоненти на комплексот доведува до производство на антиоксидантни ензими во телото и интерферон, кои ја инхибираат реакцијата на оксидација (уништување) на пероксидот на липидните клеточни мембрани на крвните садови, додека ги зајакнуваат, а со тоа ја зголемуваат отпорноста на телото. Неовитинот® го контролира формирањето и доведува до физиолошко формирање на главните поттикнувачи на предвременото стареење ‒ слободните радикали, кои се развиваат во текот на животот во човечкиот организам. Тој е исто така главниот агенс за неутрализирање на слободните радикали. Комплексот е стабилен за време на периодот на складирање и има висока, продирачка способност низ епидермисот, дермисот и мукозната мембрана. Докажано е дека Неовитинот® има антиинфламаторно и регенеративно дејство, што резултира со најширока примена во производите против стареењето на кожата, здравствената нега и оралната нега. Уникатните својства на Неовитинот® се потврдени со единаесет патенти и наградени со златни медали РАНС со името на II Мечников „за практичен придонес за подобрување на здравјето на нацијата“ и Пол Ерлих од Европската комисија за академски награди „за извонредни достигнувања во полето на социјалната и предиктивната медицина“.

Shopping Cart